Домашниот миленик e ваш најверен пријател | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

Домашниот миленик e ваш најверен пријател

 

Човек не треба да е сам, самотијата го убива човекот. Ова е добро позната поговорка која освен сите што ја знаеме, знаеме и дека истата е точна.  

Самотијата го прави човекот депресивен и нервозен, зголемувајќи го ризикот да заболи од кардио-васкуларни заболувања и мозочен удар. Сепак луѓето меѓу себе освен што се дружат, тие можат често и да се повредуваат психички заради различниот тип на карактери што ги носат. Затоа тука се домашните миленици. Тие можат да ви бидат одлични другари, искрено да ве засакаат и најискрено да го ценат тоа што вие им давате храна.

 

Животните секогаш ги сакаат луѓето кои се грижат за нив. Секогаш со домашните миленици ќе бидете сигурни дека имате некој покрај вас кој што ве сака и го цени трудот кој го вложувате за него иако не е доволно интелигентно за да ви го докаже тоа. Научниците со разни испитувања со сигурност го потврдиле влијанието на домашните миленици врз психофизичкото здравје.

 

Најмногу кучињата, па потоа мачките, влијаат врз здравјето на сопственикот. Тие го намалуваат ризикот за појава на депресија, ризикот од зголемен крвен притисок како и кардио-васкуларните болести.

 

Домашното милениче влијае на психата на луѓето. Тоа потикнува емотивно врзување, гледано од медицинска гледна точка се предизвикува лачење на хормони кои  индиректно влијаат врз имуниот систем и го зајакнуваат, па така можеме да кажеме дека со домашното милениче вие имате и поздрав имунолошки систем.

Ако погледнеме од друг агол, чувањето на домашните миленици ја потикнува и физичката активност. За да се одржува домашен миленик, тоа бара и негово шетање, хранење, одржување на хигиена и слично. Се ова доведувате и вие да бидете активни. Ако морате да го прошетате вашето куче, заедно со него ќе морате да се прошетате и вие.

 

Некои научници одат дотаму што тврдат дека докажеле дека мачката која преде блиску до сопственикот со фрекфенција од 4 – 16 херци, може да му помогне на човековиот имунитет. Тие велат дека предењето на мачката има ефикасно дејство и врз реумата на луѓето. Сепак ова се претпоставки кои сеуште не се докажани.

 

Мачките и кучињата докажано го помагаат опоравувањето по срцев удар. Луѓето кои чуваат миленици се опоравуваат двојно побрзо за разлика од останатите.

 

Домашните миленици се дел од нас, луѓето велат дека се дар од Бога за да ни помогнат на нас и ние на нив. Взаемната соработка со животните е многу важна.

 

Новата рубрика домашни миленичиња на нашиот сајт во иднина ќе ви помогне да добивате совети околу домашните миленичиња, нивното здравје и Вашето здравје поврзано со нив. Читајте не редовно и секогаш бидете информирани, не само за Вашето здравје туку и за здравјето на Вашето милениче. Ви посакуваме пријатна забава.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER