Дроги - што се тоа и зошто не треба да се користат | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Дроги - што се тоа и зошто не треба да се користат

Автор:

Д-р Драгица Везенкова – Вучкова

Специјализант по Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување




Кои видови на дроги ги има кај нас?



Марихуана


Најраспространета и најкористена дрога помеѓу младите. Многумина ја нарекуваат лесна дрога, но тоа и не е навистина така. Се добива од растениете Canabis sativa,
растение кое било широко уптребувано за производство на вреќи во земјоделието. Од него како наркотик се користи листот и цветот. Конзумирањето е на неколку начини, пушење како цигара, или попознато како џоинт, пушење луле, пушење со специјални направи т.н. бонг. Дејството кое што се добива при консумирање на оваа дрога е еуфорија, вознемиреност, намалена самокритичност. Консументот е со забразани рефлекси, со црвени очи, тахикардичен. Со тек на време психофизички пропаѓа.



Барбитурати и Бензодиазепини

Лекови кои имаат широка примена во медицината, но за жал без потребната контрола при нивното конзумирање. Се користат како средстава за смирување, но многу често се злоупотребува нивниот ефект, па конзументите ги користат во поголеми дози за постигнување на наркотичниот ефект. Дејството им се изразува со седираност, поспаност, намалена реактивност. Најпознати и најчесто користени средстава се диазепамот, лексилиумот, фенобарбитонот.



Амфетамини


Познати уште како “екстази”, амфетамините се дрога на т.н. современ свет. Ги има во форма на таблети со најразлични имиња. Познати се кај младите како средства за екстаза провод на журки. Предизвикуваат еуфорија, зголемена активност, покачен притисок, забрзан пулс. Во минатите 70-ти години се користеа како средства за слабеење, но нивните негативни ефекти се далеку поголеми од првичниот.








Кокаин


Се добива од растението coca, кое најмногу се одгледува во Јужна Америка. Позната е уште од најстарите времиња, кога била користена за најразлични племенски обичаи. Денес има широка употреба во неограничени количини како наркотично средство кое доведува до еуфорија, зголемен притисок, тахикардија. Брзо доведува до психичка и физичка зависност. Се користи најчесто како прашок, познат како бела смрт, кој конзументите го земаат со инхалирање. \



Хероин


Претставува дериват на опиумоткој се добива со преработка на семето од афионот. Многу распространета дрога, со многу кобни последици. Многу брзо доведува до психофизичка зависност, а од голема важност е и толеранцијата која ја развива со многу брзо темпо. Се користи со интра венско аплицирање, со пушење и вшмркување. Ефектите кои ги дава се седираност, собрани зеници, плитко и забрзано дишење.



Алкохол


Најраспростарнетиот и најупотребуван пијалок, кој за жал многу често се употребува во неконтролирани количини кои даваат кобни последици. Го има во најразлични форми со најразлична јачина. Го конзумираат лица од речиси сите возрасти. Има голем праг на толеранција која брзо се развива и која е предуслов за брзото развивање и на зависност. Конзументите многу брзо психички, а и физички пропаѓаат.







Никотин

Го има во тутунот, во цигарите. Неговите штетни ефекти се далеку познати, но неговата конзумација преку цигарите е далеку од можноста за контрола. Новите регулативи со законот за пушење можеби ќе се начин за истото да се стави во некој степен под контрола, со што би се намалиле последиците од него.



Зошто не треба да се дрогираме?




Многу едноставно прашање со најверојатно и многу едноставен одговор. Но истиот да го презентираме на целата јавност, би било само чекор до намалувањето или барем до обидот за намалување на наркоманијата. Тоа е еден порок, што се шири уште кај најмладата популација, а зазема место во нивниот понатамошен раст и развој за на крај да ги покаже своите црни страни.



Зависноста сама по себе го “тепа” лицето во секој поглед на неговото живеење. Бегање од семејството, криење на погледот од родителите, неконтролирано трошење пари, што подоцна поминува во потреба од крадење. Се ова се само првите знаци за едно деструктивно однесување на младата личност која западнала во кругот на дрогата.



Заразните болести на 21 век, како што се СИДА-та, Хепатитот Ц, Хепатитот Б, се во сенка на секој зависник од некој вид на дрога кој почнал истата да ја конзумира со интравенска апликација. Зависноста се развива уште кога младата и љубопитна личност не е свесна за тоа. Кога желбата за промена и потрага по непознатото ќе го натера да проба нешто што за него е непознато, а подоцна самиот ефект на дрогата ќе го натера за уште еднаш да се направи истиот потег. А потоа уште еднаш и уште еднаш...



Свесни за постапките стануваат кога е касно. Кога ќе ги забележи околината или родителите. Доколку се прекине со конзумирање на дрогата се јавува апстененцијална криза, која е проследена со нервоза, вознемиреност, болки по телото, немир. Лицето запаѓа во една криза која го тера да направи се што е можно за да се дојде до дрогата.



Намалувањето на имунитетот, развојот на атипични болести, крадењето за по секоја цена да се дојде до пари за дрога, лошото однесување, губење на интересот за околината и секојдневните случувања, се само дел од знаците за физичкото, психичкото и социјалното пропаѓање на личноста.



Дали можеме да се справиме со зависноста и наркоманијата?




Лекувањето и спречувањето на оваа појава е тежок и макотрпен процес. Бара голема жртва од зависникот, неговото семејство, неговата околина и општеството. Лекувањето се спроведува со детоксикација како прв и основен дел, а потоа е потребана психичка потпора на лицето, за јакнење на неговите морални вредности. Лекувањето го спроведуваат екипи од лекари интернисти, психијатри, психолози, социолози.



Многу важен, а ако не и најзначаен фактор за успешно спроведено лекување е соработката на самиот зависник и неговото најблиско семејство. Прифаќање на работите такви какви што се и акција за нивно темелно искоренување и замена со активности кои ќе го поттикнат лицето да работи, да се социјализира, за стане одговорно за своите потреби и постапки, се предуслов за добар почеток на терапијата на зависност.



Во некои потешки случаеви постои и можност лицето да биде хоспитализирано во специјални центри наменети за лекување на зависност, каде сите етапи од лекувањето одат постапно и лицето е под постојан надзор.



За жал и покрај многуте превземени кампањи за спречување на наркоманијата, истата има голем замав во сите делови од општеството, а за уште поголема жал е фактот дека излекувањето е остварливо само кај 10 % од зависниците.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER