Ејакулација за време на спиење - причина за загриженост? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЉУБОВ И СЕКС

Ејакулација за време на спиење - причина за загриженост?

 

Оргазмите за време на спиењето се случуваат и кај тинејџерите и кај возрасните мажи. Зошто е тоа така? Сепак, ејакулацијата за време на сонот, која што се нарекува и “влажен сон“ е најтипична за тинејџерите.

 

 

Ејакулација за време на спиење во адолесценцијата

 

Кога децата започнуваат да се развиваат во сексуално зрели личности, многу често искусуваат сексуални или “влажни сонови“ кои што се предизвикани од искуството од денот. Тоа би можело да биде еротска сцена од некој филм, убава девојка, позната филмска ѕвезда или пејачка, како и читање на еротски списанија.

 

“Влажните сонови“ најчесто им се случуваат на оние тинејџери кои што немаат редовни сексуални односи или на тинејџери кои не мастурбираат. Ејакулацијата за време на сонот е комплетно нормална појава кај тинејџерите и кај некои се случува почесто, додека кај некои поретко.

 

Сметаме дека е важно да се каже дека стравовите кои што се јавуваат по сознанието дека сте ејакулирале во сон се сосема непотребни. Ејакулацијата во сонот започнува околу 14-тата година од животот и кај некои момчиња се јавува и порано, а кај некои и подоцна. Кај други, може и воопшто да не се јави. Не постојат никакви правила и состојбата воопшто не е проблематична.

 

Што се тоа “влажни сонови“?

 

Тоа се сонови во кои што мажот многу јасно ги замислува своите сексуални желби во различни сценарија, настани и искуства. Кога е буден, ги потиснува во потсвеста. Во основа, сите ние ги потиснуваме сите сексуални потреби од кои што се срамиме и се плашиме да ги изразиме.

 

Во сонот, сите сексуални потреби се доволно изразени и нивната јасност е обратнопропорционална со потиснувањето во будна состојба. Фројд би имал да каже многу нешта околу оваа тема, особено ако се работи за прикриени сонови во кои што се вклучени различни сексуални симболи.

 

Така, на пример, женските гениталии се појавуваат во форма на вазна, кутија, соба и градина, додека машките гениталии превземаат форма на сабја, нож, стап или змија. Сексуалното обединување се илустрира со патување со авион или автомобил. Интерпретацијата на скриените сексуални сонови во голема мера придонесува кон истражување на сопствената сексуалност и сексуалноста на другите.

 

Ејакулацијата за време на сонот не е непозната и за возрасните мажи

 

Обично се случува кај оние мажи кои што имаат нередовно задоволување на своите сексуални потреби и може да упатува и на потсвесно задоволување на сексуалната желба која индивидуата не може да ја задоволи во реалниот живот.

 

Особено се јавува во случај кога желбата вклучува сексуална девијација која што не е прифатена во општеството. Мажите можат да имаат сонови во кои се вклучени сексуални абнормалности, перверзии и задоволување на сексуалниот нагон на невообичаен, незамислив и екстремно неприфатлив начин во реалниот живот. Таквите потреби, мажот може да ги реализира само преку сонот.

 

Сепак, работите не се секогаш екстремни. Возрасен човек може да има и обичен еротски сон кој што е поврзан со некој стимуланс кој што се случил во текот на денот. Ејакулацијата за време на сонот е вусшност потсвесна мастурбација која не ја афектира сексуалната моќ на мажот во будна состојба.

 

Многу мажи имаат кажано дека ејакулацијата за време на сонот немала никаков ефект во однос на сексуалната активност во текот на денот и немале никакви проблеми со ерекцијата и потенцијата. Оргазмот за време на сонот нема влијание врз оргазмот во будна состојба иако времето помеѓу двата оргазма може да биде и многу кратко.

 

Затоа, ејакулацијата за време на сонот не е воопшто причина за загриженост.

 

Извор: intimatemedicine.com

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER