Заштитете се од грипот и без вакцина! | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ИНФЕКТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Заштитете се од грипот и без вакцина!

 

Најважната работа која што можете да ја направите е често да ги миете рацете. Иако вирусот се пренесува преку воздухот, сепак, најголемиот процент од пренесената зараза е преку рацете.

 

  • Мијте ги рацете 15 секунди со сапун и топла вода. Добро истријте ги. Правете го тоа секогаш кога ќе кивнете или кашлате и особено пред оброк. Добро е да имате и хигиенски марамчиња базирани на алкохол.

 

  • Кога кашлате покријте ги носот и устата. Користете палома марамчиња, избегнувајте ги марамчињата од ткаенина. Кашлајте во пределот на раката. Потоа, измијте ги рацете.

 

  • Избегнувајте близок контакт. Избегнувајте ги местата каде што има многу луѓе. Ако почувствувате дека се разболувате (добивате треска, бранови на ладно и ве болат коските), останете дома. Не одете на доктор освен ако немате висока температура. Во докторската амбуланта ќе бидете опколени со луѓе кои што се заразени.

 

Другите препораки вклучуваат добар одмор, здрава исхрана, консумирање доволно течности и вежбање. Истражувањата покажуваат дека брзото пешачење носи значителни подобрувања на имуниот систем и подобрување на одбрамбениот механизам на белите крвни зрнца. Оние индивидуи кои што вежбаат четири до пет пати неделно имаат помали шанси да настинат.

 

Повеќето здрави луѓе се опоравуваат од грипот во текот на 10 дена и најголемите симптоми исчезнуваат во рок од четири дена.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER