Зголемениот крвен притисок на мајката во бременоста е лош за детето | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПЕДИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Зголемениот крвен притисок на мајката во бременоста е лош за детето

 

Научниците од Универзитетот во Хелсинки дојдоа до заклучок дека зголемениот крвен притисок за време на бременоста можа да ја намали интелигенцијата на детето.

 

Научниците го направиле истражувањето на 400 испитаници, на кои го мереле коефициентот на интелигенција на 20 и на 69 години, но и состобата на нивните мајки додека биле бремени со нив.  Научниците дошле до заклучок дека мајките кои имале висок крвен притисок додека биле бремени имале деца со значително помал коефициент на интелигенција во споредба со мајките чии крвен притисок за време на бременоста бил нормален.

 

Резултатите од истражувањето биле објавени во медицинското списание American Academy of Neurology и истите се сметаат за доста веродостојни со оглед на тоа дека истражувањето траело многу долг период.

 

Во истражувањето научниците наведуваат дека луѓето чии мајки имале хипертензија имале просечно за 4,36 поени понизок коефициент на интелигенција за разлика од луѓето чии мајки немале проблеми со крвниот притисок.

 

Освен  понискиот IQ, децата на мајките кои во бременоста имале висок крвен притисок се посклони кон кардио-васкуларни заболувања и мозочен удар. Научниците велат дека кај мајките кои патат од хипертензија, мозокот кај бебето се развива понеправилно па поради тоа тие се по склони кон невролошки проблеми и помал коефициент на интелигенција.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER