Знаци кои укажуваат на токсичност од антидепресивните лекови | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Знаци кои укажуваат на токсичност од антидепресивните лекови

Автор:

Д-р Александар Ристески

Доктор на Медицина




Антидепресивите се вид на лекови кои се препишуваат со цел третман на депресија и останати медицински состојби – невротични растројства, болести на зависност, фобии, итн... односно состојби кои предизвикуваат анкисозност. Постојат четири различни класи на антидепресиви кои се одобрени од Американската Амдинистрација за лекови – моно-аминооксидаза инхибитори, циклични антидепресиви, селективни серотонински инхибитори, и атипични антидепресиви. Доколку сте кандидат за земањето на вакви лекови, тогаш е важно да бидете свесни за било какви знаци кои укажуваат на токсичност од овие лекови. Доколку некој од овие знаци се појави, побарајте итен медицински третман со цел да ги превенирате живото-загрозувачките компликации.



Моно-амино-оксидаза инхибитори



Моноамино оксидазните инхибитори (MAOi) како на пример, транилципромин, може да предизвика бројни симптоми доколку се земат дози поголеми од препишаните. Симптомите на MAOi предозирањето може да се развијат за 6 до 24 часа. Најчести симптоми на труење со овие лекови се – главоболка, анксиозност, замор, и црвенило на кожата. Кардиоваскуларните комликации вклучуваат зголемување на крвниот притисок (хипертензија) или абнормалност во срцевиот ритам (тахикардија, брадикардија, аритмија). Лицето кое чувствува знаци за токсицитет, може да западне во стадиум на тешко труење или делириум. Нападите, крварењето во мозокот и абнормалностите во температурата на телото (хипертермија ) може исто така да бидат индикација за MAOi- токсицитет.



Циклични антидепресиви



Цикличните антидепресиви (CAs) или трицикличните антидепресиви (TCAs), како амитриптилин или доксепин, може да бидат токсични кога се земаат во количини поголеми од препишаните. Токсичните дози на CAs и TCAs може да предизвикаат оштетување на централниот нервен систем, што може да предизвика делириум, генерализирани болки и кома. Исто така може да се развијат и кардиоваскуларните проблеми и може да се јави намалување на крвниот притисок (хипотензија) или абнормалности во срцевиот ритам. Тешки напади може исто така да бидат знак за CA и TCA токсичност кај одредени лица.



Селективни серотонински инхибитори



Селективни серотонин инхибитори (SSRi), како флуоксетин или сертралин, може да предизвикаат бројни симптоми доколку се земат исто така во поголеми концентрации од препишаните. Симптомите се мамурлак, тетеравење во одот, гадење, повраќање, замаглен вид. Токсичните нивоа на овие лекови може да предизвикаат депресија на централниот нервен систем, кое ја зафаќа когнитивната и психичката сфера (однесување). Исто така може да се јават напади слични на оние кај епилепсија. Некои лица може да развијат состојба на серотонисни синдром – дијареа, главоболки, треска, дилатирани пупили, конфузија, замор, и губиток на мускулната координација.



Атипични антидепресиви



Атипичните антидепресиви, како на пример, венлафаксан, може да предизвика токсични симптоми кои може да се појават доколку оиве медикаменти се земени во поголеми количини. Токсичните нивоа на атипичните антидепресиви се манифестираат преку – напади слични на епилепсија (епилептогени напади), ненормално висока температура како и депресија на централниот нервен систем што води кон когнитивни, говорни и проблеми во фините моторни движења. Кардиоваскуларните компликации, вклучително високиот крвен притисок, или абнормалностите во покачениот крвен притисок може исто така да бидат знак за атипична антидепресивна токсичност.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER