Зошто жените ја избегнуваат мамографијата? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Зошто жените ја избегнуваат мамографијата?

Болка, срам, и презафатеност со работата се едни од главните причини зашто жените ги одбегнуваат мамограмите – вели новата студија.


Истражувачите анализирале медицински, физички и демографски информации од 4,708 жени при Kaiser Permanente во Oregon и Washington кај кои поминале повеќе од 20 месеци од последниот мамограм и биле информирани телефонски или писмено.



Студијата направена на жени на возраст од 50-69 години пронашла дека факторите кои се асоцирани со одбегнувањето на мамограмите се: старост под 60 години, мал домашен буџет, гојазност и немарност.



Еден дел од жените објасниле зашто не направиле мамограм. Најчестите причини биле: чувство на болка, зафатеност и чувство на срам и непријатност за време на тестот. Гојазните жени почесто објавувале дека болката им преставува главен фактор.



“Не знаеме зашто обезните жени почесто пријавуваат болка за време на мамографијата” – вели D-r Adrianne Feldstein.



“Нашите претходни студии сугерираат дека гојазните жени како и жените над 60 години, се почесто изложени од ризикот да развијат карцином на дојка, па затоа и се обидуваме да пронајдеме подобри начини за да се осигураме овие жени да подлежат на скрининг” – додава тој.



Мамографијата е скрининг тест кој жените над 60 години треба да го прават барем еднаш годишно.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER