Зошто не се сеќаваме на ништо по изминатата пијана ноќ? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Зошто не се сеќаваме на ништо по изминатата пијана ноќ?

До сега научниците неможеа да разберат зошто луѓето откако ќе испијат премногу алкохол, изведуваат сложени активности како што се играње, разговарање па дури и возење, а следното утро на ништо не се сеќаваат.




Оваа амнезија позната уште како замрачување на умот или кај некого уште попозната како blackout може да трае од неколку минути па до неколку часови.



Невролозите од Washington University School of Medicineги ги идентификувале клетките на мозокот кои се вклучени замрачувањето и молекуларниот механизам кој претставува основа на нивната реакција.



Научниците образложуваат дека изложеноста на големо количество на алкохол немора нужно да ги уништи овие клетки во мозокот како што се мислело порано. Наместо ова алкохолот претставува пречка која смета на клучните рецептори во мозокот, кои повратно произведуваат стероиди, кои пак учествуваат во процесот на меморирање.



Механизамот вклучува NMDA рецептори кои пренесуваат глутамат, а тие пак ги пренесуваат сигналите помеѓу невроните - објаснува Yukitoshi Izumiпрофесор по психијатрија од Washington University School of Medicine.



NMDA рецепторот е како меч со две оштрици, поради тоа што преголемата или премалата активност може да претставува отров за мозокот. Откривме како изложеноста на алкохолот ги инхибира одредени рецептори, а подоцна активира други, т.е. откривме како ги потикнува невроните да произведат стероиди кои подоцна доведуваат до замрачување на умот додава, Izumi, а пренесува Top News.



Потребна е навистина голема количина на алкохол за да се блокира процесот на меморирање истакнува Charles F. Zorumski.



Сепак механизамот не е баш така едноставен. Алкохолот ги прави тие рецептори да се однесуваат на спротивен начин, а тоа е баш она што ги блокира невронските сигнали кои ја формираат меморијата. Ова е објаснувањето зошто поединци неможат да објаснат што правеле изминатата ноќ, ако испиле поголема количина на алкохол - заклучува Zorumski.



Превел и обработил
:

Роберт Николовски – студент на медицина




Извор
: NeuroScience

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER