Индигестија - Диспепсија (Непријатно чувство после јадење) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Индигестија - Диспепсија (Непријатно чувство после јадење)

Симптоми


Диспепсијата или непријатното чувство после оброк може да се јави после јадење на некои одредени видови на храна или после пиење на вино или зашеќерени пијалоци. Исто така може да биде предизвикана од брзо јадење или прејадување.









Главните симптоми на диспепсијата се:




• Губиток на апетитот поради страв од непријатното чувство после јадење

• Клокотење во стомакот

• Болка и тешкотии во стомакот

• Чувство на гадење

• Чувство на жарење во грлото и хранопроводот

• Ширење (дистензија) на стомакот и чувство на преполнетост



Причини за диспепсија/ингестија



Диспепсијата (ингестијата) е релативно чест проблем. Може да биде причинета од:



• Земање на големи волумени на тешко-сварлива и масна храна

• Брзо јадење без соодветна мастикација (џвакање)

• Силен ментален стрес

• Често прејадување

• Јадење без чувство на глад

• Јадење во агитирана или стресна состојба



При состојба на страв и паника, често храната не се вари соодветно и води кон проблемот на ингестија (диспепсија). Понекогаш не-термички обработената и свежа храна можат да биде причина за ингестија. Лошото забало, староста, констипацијата, менталниот стрес, прекумерната физичка активност и сексуалниот однос веднаш после јадењето може да доведе до ингестија.



Третман



Третманот на ингестијата мора да започне со диета која содржи многу овошје, зеленчук и легуминози – храна богата со целулозни влакна. Строга обзервација на следниве две правила е неопходно за третман на диспепсијата:



• Правилна мастикација (џвакање) на храната и избегнување на големи волумени на храна и алкохолни пијалоци.



• Доколку тегобите продолжуваат од помош може да биде ставањето на перница исполнета со песок на стомакот или пак ставање на влажни компреси на стомакот.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER