Интоксикација (труење) со витамин Д | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Интоксикација (труење) со витамин Д

Колку што е поволен за здравјето на хуманата популација, витаминот Д може да биде и значително штетен, па затоа внесот мора стриктно да биде прилагоден на потребите, било да станува збор за нормална или патолошка состојба. Познато е дека повеќемесечниот внес преку оптимумот кај здрави лица доведува до интоксикација, т.е. до хиперкалциемија со калциноза (таложење на калциум) на крвните садови и ектопични калцификации на меките ткива. Интоксикацијата со витамин Д е можна и кај примена на преголеми дози на витамин Д или на негови метаболити во склоп на лекување на витамин Д сензитивен, зависен и резистентен рахит.






Клиничка слика



Како последица на хиперкалциемијата се јавува депресија на биоелектричната активност која се манифестира со мускулна слабост, опстипација (затвор), мачнина, анорексија, апатија, главоболка и пореметување на срцевиот ритам. Калциумот посебно се депонира во крвните садови на бубрезите и доведува до нефрокалциноза, хипертензија и ренална инсуфициенција. Во најтешки состојби се јавуваат ектопични калцификации кои се прикажуваат на рентгенските слики на миокардот, белите дробови, панкреасот и желудникот. Со оглед дека реапсорпцијата на калциумот надвор од коскеното ткиво не е никогаш комплетна, промените на крвните садови и меките ткива остануваат како трајни одбележја на интоксикацијата.



Дијагноза



Се поставува врз основа на клиничката слика и лабараториските анализи.



Терапија



Терапијата се базира на прекин да понатамошниот внес на витамин Д, максимална рестрикција на калциум во исхраната, обезбедување на добра диуреза, а во најтешки ситуации и давање на кортикостероиди (пронизон препарати).



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER