Иригографија (контрасно испитување на дебелото црево) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Иригографија (контрасно испитување на дебелото црево)

Автор: Проф. Д-р. Василчо Спиров

Универзитетска Клиника за Радиологија - Скопје





Иригографија (анг. barium enema) претставува рендгенолошки преглед (примена на Х- зраци) на де­белото црево со контрастна клизма. Таа може да се изведува со единечен контраст, т.н. моно­кон­трастна иригографија при која како контрасно средство се користи суспензија на бариум сулфат. До­колку радиологот при изведувањето на иригографијата покрај суспензијата на бариум сулфат ко­ристи и воздух, тогаш станува збор за двојнокотрастна иригографија. Во рутинската пракса се ко­ристи двојноконтрастна иригографија поради подобра визуелизација на колонот што му овозможува на радиологот да постави дијагноза со поголема точност. Моноконтрастната ириго­гра­фија се користи само при определени случаи и понекогаш кај постари пациенти.










Кога се препорачува иригографија?



Најчести причини кога матичните лекари советуваат да се направи иригографија се следните:



- абдоминална болка

- ректално крвавење (појава на крв во столицата)

- опстипација

- хронична дијареа



Исто така, при сомнение за полип, карцином, дивертикул, инфламаторно заболување (Кронова бо­лест, улцративен колит) или пак други заболувања на дебелото црево.

Иригографијата исто така се користи и како скрининг метод за рано откривање на колоректал­ен карцином (рак на дебело црево). Се препорачува секое лице постаро од 50 години да направи иригографија на секои 5 години со цел навремено детектирање на ракот и успешно лекување.



Како течат подготовките за иригографија?



Иригографијата е испитување за кое е потребно претходно закажување и подготовка на пациен­тот.



Со цел испитувањето да биде успешно потребно е дебелото црево да биде празно и чисто. Заради тоа пациентот, во зависност од навиките на празнење, спроведува диета (исхрана) со полесна храна неколку дена пред испитувањето. Еден ден пред испитувањето пациентот не внесува храна. Дозво­ле­ни се течности но само вода, чај без шеќер и бистри сокови. Газирани пијалоци не се дозволени. Покрај соодветната диета потребно е да се земат и лаксативи според упатставото на лекарот.



Кај пациентите кои не се во можност соодветно да се подготват се дава клизма неколку часа пред испитувањето.



Пациентите кои користат лекови потребно е да се консултираат со матичниот лекар. Во најголем број случаи подготовката за иригографија не влијае на веќе постоечката терапијата.



Кога не се препорачува изведување на иригографија?



При одредени состојби иригографија не се изведува како на пример при:



- тахиаритмија

- тежок улцеративен колит

- токсичен мегаколон

- акутен дивертикулитис

- перфорација на црево (во овој случај постои можност да се направи иригографија но наместо суспензија на бариум сулфат се користи гастрографин)

Иригографијата, исто така, не се изведува кај бремени жени.



Како се одвива иригографијата?



Најчесто прегледот се изведува претпладне. Пациентот доаѓа на преглед гладен и жеден. Непо­сред­но пред испитувањето пациентот ја соблекува облеката и ги отстанува сите метални предмети во проекција на абдоменот. Пациентот може да носи тенка наметка која нема да влијае на резул­та­тот од испитувањето. Пациентот легнува на бок на радиолошкиот стол. Ректален катетер со должина од 5-10 цм се пласира преку анусот со која дебелото црево се исполнува со суспензија на бариум сулфат а подоцна и со воздух.



Испитувањето најчесто трае околу 20 минути. За време на испитувањето ра­ди­о­логот (докторот кој го изведува испитувањето) може да го замоли пациентот да се сврти на страна и да ја задржи соодветната позиција со цел да се овозможи подобра визуелизација на дебелото црево. Додека трае испитувањето се прават повеќе рендгенграфии. Исто така, радиологот може да ве замоли да го задржите здивот (воздухот) на неколку секунди за да се избегне заматување на рендгенграфиите.


За време на прегледот пациентот не чуствува никаква болка, па затоа не е потреба претходна се­да­ција. Во мал број на случаи можно е да се појават грчеви во стомакот, но тие спонтано исчезнува­ат.



Што по завршувањето на иригографијата?



Откако прегледот е завршен, сондата за апликација на бариум сулфат и воздух се извлекува. Па­ци­ен­тот заминува во тоалет за да се ослободи од суспензијата на бариум сулфат и воздух. Во пе­ри­од од следните неколку дена препорачливо е пациентот да внесува поголемо количество теч­нос­ти со цел да се спречи евентуална опстипација. Во следните неколку дена можна е промена на бојата на столицата (беличеста) како резултат на суспензијата на бариум сулфат.



Што значат резултатите?



По завршување на испитувањето, радиологот по анализа на напревите рендгенграфии дава из­веш­тај за направениот преглед. Извештајот содржи рендгенолошки опис на анатомските делови на дебелото црево, и патолошки промени доколку се забележани. Патолошките промени со сигурност не можат да се класифицираат, па затоа по барање на радиолот се извршуваат и дополнителни испитувања како колоноскопија, КТ и други.



Кои се предностите и недостатоците на иригографијата во откривање на болести на дебелото црево во однос на другите испитувања?

Предности



- релативно безболно испитување на дебелото црево за кое не е потребна седација

- компликации при испитувањето како перфорација се многу ретки

- се карактеризира со голема сензитивност и специфичност во откривањето на голем број заболувања како полипи, дивертикули, стенози, карциноми, Кронова болест, улцеративен колит и други

- кај добро подготвените пациенти процентот на лажно позитивен наод е многу низок

- во однос на другите испитување е многу поевтин



Недостатоци



- неможост за детекција на полипи со големина до неколку милиметри

- биопсија и отстранување на евентуален полип не е возможно за што е потребно дополнително да се направи колоноскопија

- подготовката од неколку дена може да е непријатна за пациентот, но и кај другите испитувања постои истата процедура

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER