Испитување на проодноста на јајцеводите | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Испитување на проодноста на јајцеводите

Инсуфлација, персуфлација или Рубинов тест



Првата инсуфлација на јајце-водите ја извршил Рубин во 1922 година за да се утврди нивната проодност. Денес, кога постојат методи како хистеро-салпингографија (HSG), хистеро-салпинго-контраст-сонографија (HSCS) и лапараскопија, оваа метода е од историско значење.



Хистеро-салпингографија


Хистеросалпингографијата (HSG) претставува радиолошка метода за испитување на морфологијата на цервикалниот канал, маткината шуплина, изгледот и проодноста на јајцеводите, со примена на јоден контраст. За разлика од персуфлацијата, со помош на хистеросалпингографијата може да се утврди постоење на органски промени на внатрешните генитални органи, нивна локализација како и степен на развиеност.



Индикации за HSG:



· Сомнеж за постоење на аномалии (и анатомски варијации) на внатрешните генитални органи



· Испитување на состојбата на маткината шуплина (облик, големина, промени во сенка на контрастот)



· Испитување на состојбата на јајцеводите (промена на морфологијата: стеснување или хидросалпинксот, проодност: опструкција на текот на контрастот во одредени сегменти, перитурбарни израстоци)



Постоењето на некој дефект на ѕидот на матката укажува на полип на ендометриум, тумор, миом или израсток (Ашерманов синдром)



Контраиндикации. Хистеросалпингографијата не смее да се изведува кога постои:



· Сомнеж за бременост

· (Неизлечен) инфламаторен процес на гениталните органи

· Алергија на јод

· Крварење од матката



Хистеро-салпингоконтрастсонографија



Хистеросалпингоконтрастсонографијата (HSCS) претставува метода за испитување на проодноста на јајце-водите со помош на ултразвук. По аплицирањето на балон – катетер во маткината шуплина, во вагината се вовлекува ултразвучна сонда, а потоа низ катетерот се вбризгува соодветен контраст. Поминувањето на контрастот низ јајцеводите и неговиот излез преку абдоминалните отвори на јајцеводите е многу лесно, доверливо, и може да се следи на мониторот од ултразвучниот апарат.



Треба да се нагласи дека оваа метода во однос на хистеро-салпингографијата не е алтернативна, туку е комплементарна (

се надополнуваат), бидејќи со HSCS техниката не можат да се визуелизираат анатомските варијации и патолошките промени во цервикалниот канал и материчната шуплина.



Лапароскопија


Со помош на лапароскопијата можно е да се утврдат причините за примарната и секундарната аменореа, да се утврди постоење на анатомски варијации или аномалии на внатрешните генитални органи, да се дијагностицира ектопична бременост, миом и цисти. Со помош на инструмент (или катетер) поставен трансвагинално во материчната шуплина се следи текот на контрастот низ јајце-водите, и неговото излегување преку абдоминалните остиуми (отвори) во стомакот. Најчесто се инјектира метиленско плаво или индиго-кармин.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER