И мажите можат да лачат млеко и да дојат | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

И мажите можат да лачат млеко и да дојат

 

Можеби ви звучи чудно или по малку откачено, но да, и мажите можат да лачат млеко и да дојат. Ова уште од одамна е потврдено, но денеска се прават нови современи и дополнителни истражувања во врска со оваа проблематика.

 

Многумина од вас можеби слушнале за таков случај - се работи за машка галактореа, која кај мажите не е нормална и се смета за патолошки процес. До оваа појава доаѓа кога е засегната хипофизата која поради некој надворешен причинител може да дава погрешни инструкции на телото и да доведе до лачење на млеко.

 

Најчесто до лачење на млеко кај мажите доаѓа кога се зема одредена терапија, често ова е случај кога се лекува рак на простата - лековите ја предизвикуваат галактореата, но се среќава и кај некои видови тумори на хипофизата и слични состојби.

 

Интерсен е фактот што низ историјата ова воопшто не била непозната појава. Постојат податоци кои укажуваат на фактот дека постоеле машки доилки во германските логори и во многу други војни. Научниците сметаат дека галактореата била предизвикувана со разни билки или слични лекови.

 

Млекото на мажите не е со иста количина и квалитет од она на жените, но според научниците и ден денеска во некои афрички држави се среќава овој тип на доење.

 

Сепак ние мораме да нагласиме дека појавата на млеко од градите на еден маж е целосно патолошка состојба и доколку забележите такво нешто треба да побарате лекарски преглед.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER