И матичните клетки од забите на децата започнуваат да се чуваат во банките за матични клетки | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

И матичните клетки од забите на децата започнуваат да се чуваат во банките за матични клетки

Д-р Molly Gunsaulis од САД е педијатриски стоматолог, пионер во својата работа за зачувување на матични клетки. Терапиите со матични клетки покажуваат големи ветувачки резултати при третманот на дијабетесот, срцевите заболувања, леукемијата, повредите на мозокот, склероза мултипла, Паркинсоновата болест, Кроновата болест и периодонталната болест.

Д-р. Molly Gunsaulis заедно со нејзиниот тим започна со нудење на нова интригантна услуга на фамилиите кои што го донесле своето мало дете на забар. Имено, услугата се состои од тоа секој екстрактиран заб се однесе во специјална лабораторија каде што стем клетките се отстрануваат и криогенски се зачувуваат за евентуална идна употреба – постапка слична како и складирањето на крвта од папочната врва во банките за матични клетки (види Банка за матични клетки од папочна врвца)

Здравите матични (стем) клетки се познати по својата огромна важност во регенерирањето на ткивото и борба против болестите.

Во САД, цената изнесува околу 600$ за пријавување и 100$ годишно за чување на замрзнатите клетки. Забите на детето кои што паѓаат сами од себе не се погодни за екстракција на стем клетките. Екстракцијата на матичните клетки се прави единствено од екстрактиран заб поради некоја друга причина, но по налог на ортодонт. Забот веднаш се става во специјален кит за собирање кој што индуцира хипотермија за да стем клетките останат живи за време на транспортот до лабораторијата.



Забите на децата ги содржат најпристапните стем клетки од сите клетки кои што можат да се најдат кај децата. Клетките се содржани во пулпата на здравиот заб. Пулпата го претставува мекото ткиво кое што содржи нерви, крвни зрнца и сврзувачко ткиво. Се протега долж забот од неговата коронка до крајниот дел на коренот од забот во вилицата.



Колку што се помлади стем клетките, толку тие се и подобри за понатамошно лекување на некоја болест, бидејќи најбрзо го регенерираат ткивото. Тие стареат како што стареат и луѓето, па така со тек на времето, тие ги губат и своите својства како што телото деградира.



Најдобриот период за зачувување на детскиот заб е она време пред тој да стане лабав, затоа клетките во пулпата со тек на време стануваат се повеќе и повеќе отпорни ако им се дозволи дистрибуцијата на крв. Поради тоа, ако забот стане премногу лабав или отпадне, не е кандидат за зачувување на стем клетките.



Зачувувањето на стем клетките сега им дава на фамилиите можност да ги искористат новите и идни стем технологии на начин кој што не бил возможен во минатото.

Повеќето од родителите почнуваат да разбираат дека нивните деца ќе дочекаат нов правец во развојот на медицински третмани кои ќе ги продолжат и подобрат нивните животи.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER