Како функционира ултразвукот? – Прв дел | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Како функционира ултразвукот? – Прв дел

Постојат повеќе причини за примена на ултразвучниот преглед.

Доколку сте бремени и Вашиот гинеколог може да Ви го препорача ултразвучниот преглед за да го провери развојот на плодот или пак да го определи датумот на породувањето.



Доколку имате проблеми со крвната циркулација во екстремитетите или срцето лекарот може да употреби Доплер-ултразвук за да го види протокот на крв.Ултразвукот беше популарна медицинска имиџинг техника многу години наназад.



Ултразвукот или ултрасонографијата е медицинска имиџинг техника при која се користат високо-фреквентни звучни бранови и се детектира нивното враќање назад т.е. нивното ехо.



Оваа техника е слична на ехо-лоцирањето кај лилјаците, китовите и делфините, како и СОНАР-от кај подморниците.



Во оваа серија написи ќе видиме како функционира ултразвукот,кои видови на ултразвучни техники се достапни и која техника за што се употребува.



Што е ултразвук?



1.Ултразвучната машина емитува високо-фреквентни (од 1 до 5 мегахерци) - звучни пулсирања во вашето тело со помош на сонда.



2.Звучните бранови патуваат низ вашето тело и удираат на границита помеѓу ткивата ( на пр.меѓу течност и меко ткиво, меко ткиво и коска)



3.Некои од звучните бранови се рефлектираат назад во сондата а други патуваат понатаму се додека не удрат во друго ткиво и не се вратат назад.



4.Рефлектираните бранови се собираат во сондата и се пренесуваат до машината.



5.Машината го пресметува растојанието од сондата до ткивото или органот (неговата големина) користејќи ја брзината на звукот во ткивото (1,540 м/с) и времето на враќањето на секој бран (обично со брзина во милионитиот дел од секундата).



6.Машината го прикажува растојанието и интензитетот на бранот кој се враќа, на екранот, формирајќи дводимензионална слика како прикажаната.


Кај типичен ултразвук,милиони пулсирања и бранови се испраќаат и примаат на секоја секунда.Сондата може да се придвижува по површината на телото или да се преместува за да се добијат различни погледи .



На сликата е прикажана ултразвучна слика на растечки фетус(стар околу 12 недели)во матката на мајката.Ова е страничен поглед на бебето,прикажувајќи ги (од лево он десно), главата,вратот,торзото и нозете.



Автор: За Здравје



ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER