Како хуманиот ембрион ја добива својата форма | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Како хуманиот ембрион ја добива својата форма

Како може дисковиден собир на клетки да се трансформира во првиот месец од бременоста во издолжен ембрион? Овој механизам е мистерија која човекот се трудел да ја открие еден цел милениум.







Првиот значаен чекор кон разбирањето на ова прашање е направен речиси пред еден век, во експериментите спроведени од страна на Германските ембриолози Ханс Сперман и Хилда Менголд. Двајцата користеле ембриони од водоземци и откриле една група на клетки, која по трансплантација, формирала двоглави полноглавци.



Во обидот да се разбере зошто се случило тоа, тие виделе дека трансплантираните клетки се организирале во близина во која тие биле поставени, за да се формира еден типичен ембрионски изглед. Поради тоа, тие се наречени клетки-организатори. Ембрионите на водоземците ги поседувале и своите и трансплантираните клетки-организатори, при што се создала формација на глава.



Неодамна, израелските научници од Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим успеале да создадат човечки клетки-организатори, со користење на човечки ембрионски матични клатки. Врз основа на сличноста која доминира во развојните процеси на сите ‘рбетници, овој експеримент се базира на процесите што се случуваат во ембриогенезата на водоземците. Во рок од два дена, човечките клетки започнале да експресираат гени кои се карактеристични за клетките-организатори.



За да се потврди дека овие клетки потекнуваат од човечките ембрионски матични клетки, постои организаторската способност на овие клетки, покажуваат експериментите на Сперман и Менголд. Само што овој пат, човечките клетки, биле транслантирани во ембрион на водоземци.



Средната линија на ембрионот од водоземците е означена од страна на невралната туба – ткивото кое подоцна го формира централниот нервен систем. Интересно е тоа што некои од ембрионите на жабите на кои им биле трансплантирани човечки клетки, поседувале не една, туку две неврални туби. Втората туба била составена од клетки на жабата, што докажува дека трансплантираните човечки клетки се организирале и го формирале тубуларниот облик.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER