Калиум (Најважен јон - катјон во внатрешноста на клетката) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Калиум (Најважен јон - катјон во внатрешноста на клетката)

Автор:





д-р Елена Јовановска



-специјализант по Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување










Калиумот е важен интрацелуларен катјон. Неговата улога во клетката е паралелна на улогата на натриумот во екстрацелуларната течност. Калиумот има значајна улога во контракцијата на мускулите, во спроведувањето на нервните импулси, во дејството на ензимите, како и во функцијата на клеточната мембрана.



Раздразливоста на срцевиот мускул, спроведувањето на дрзабите низ него како и одржувањето на срцевиот ритам, зависат од промените на концентрацијата на калиумот во екстрацелуларната течност. Како зголемувањето, така и намалувањето на екстрацелуларниот калиум предизвикува намалување на раздразливоста и намалување на брзината на спроведување. Високите концентрации на калиум предизвикуваат застој на срцето во дијастола, а многу ниските застој на срцето во систола.



Мембранскиот потенцијал и раздразливоста на скелетната и мазната мускулатура битно зависат од концентрациите на калиумот, калциумот и магнезиумот. Големите концентрации на калиумот ја отежнуваат контракцијата на мускулите и предизвикуваат појава на млитави парализи.



Концентрацијата на калиумот во екстрацелуларната течност е помеѓу 3,5 и 5 mmol/L.



Хиперкалемија



Хиперкалиемијата настанува во следниве случаи: акутна и хронична бубрежна инсуфициенција, олигурија поради хронична дехидратација, ослободување на калиумот после повреди, изгореници и инфекции, како и после прекумерен внес на калиумовите соли.



Хиперкалиемијата го отежнува невромускуларното спроведување поради што се развива слабост и парализа на мускулите, како скелетните така и на мазните. Во зависност од степенот на хиперкалиемијата на ЕКГ-записот може да се појават пореметувања како што се зголемена амплитуда на Т-бранот, широк QRS-комплекс, бифазични QRS-T-комплекси, фибрилација на коморите и конечно застој на срцето.



Терапија на хиперкалиемијата



Во терапијата се применуваат следниве мерки: ограничување на внесувањето на калиумот, орално давање на калиум изменувачки смоли (овие смоли го врзуваат калиумот и овозможуваат негово излачување), примена на инсулин, се овозможува депонирањето на калиумот во црниот дроб (заедно со гликогенот), калциумот се применува интравенски како антагонистички катјон, а во итни случаи се применува натриум-хидроген-карбонат интравенски со цел зголемување на pH на крвта предизвика навлегување на калиумот во клетката. Хемодијализата може да се примени во случај на инсуфициенција на бубрезите.



Хипокалиемија



Хипокалиемијата настанува поради намалено внесување на калиум (гладување, опструкција во горните делови на гастроинтестиналниот систем), намалена реапсорпсија и зголемен губиток (повраќање, дијареа).



Губитокот на калиумот преку бубрезите настанува кај дијабетес, после примена на некои диуретици, при метаболна алкалоза после примена на прекумерни количини на солни раствори во кои нема калиум, после поголеми изгоретини, како и после примена на кортикостероидни хормони (минералокортикоиди, гликокортикоиди).



При хиперкалиемијата, значително е отежнато невромускулното пренесување, после што се јавува слабост на скелетните мускули (отежната вентилација) и мазните мускули (се развива функционален илеус).



Во ЕКГ записот се јавуваат следниве пореметувања: намалена амплитуда и проширување на Т-бранот, депресија на S-T сегментот, атрио-вентрикуларен блок, и на крај, застој на срцето.



Терапија на хипокалиемијата



Хипокалиемијата се лекува со орална или парентерална примена на калиум. Поради можните токсични ефекти на хиперкалиемијата, надокнадувањето на калиумот мора да се врши внимателно. Поради тоа пред примената на калиумот е многу важно познавање на функцијата на бубрезите. Најчесто се применува KCl во вкупна доза од 1-3 mmol/kg/24h, во раствори на глукоза или со останати електролити, парентерално – и тоа со брзиназ која нема да предизвика хиперкалиемија. Кога условите тоа го дозволуваат, калиум-хлоридот, или калиум-цитратот се применуваат орално во дневна доза од 1-3 g.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER