Карцином на желудник | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Карцином на желудник

Карциномот на желудникот може да се појави во било кој дел од желудникот и може да се прошири и на останатите органи, претежно во хранопроводот (езофагус), белите дробови, лимфните јазли и црниот дроб (хепар). Желудочниот карцином е причина за околу 800.000 смртни случаи годишно во светски размери.



Причини



Инфекцијата со Хеликобактер пилори се верува дека е причинител за повеќето случаи на карцином на желудникот, додека автоимуниот атрофичен гастритис, интестиналната метаплазија и многу генетски фактори се поврзани со зголемен ризик за појава на овој карцином. Диететскиот режим исто така има огромна улога во појавата на желудочниот карцином – димена храна, солена риба и месо.



Нитратите и нитритите се најчести супстанци кои се наоѓаат во чадените меса. Тие се претвораат од страна на одредени бактерии како Хеликобактер пилори во компоненти кои директно предизвикуваат желудочен карцином. Од друга страна, конзумацијата на свежо овошје и зеленчук кои содржат антиоксидантни витамини (А и Ц) се поврзани со намален ризик од желудочен карцином.



Многу важен но превентибилен фактор е употребата на цигари – го зголемува ризикот за 40% (кај лесните пушачи), до 82% кај тешките пушачи. Друг важен фактор е конзумацијата на алкохол, пред се, жестоки пијалоци.



Желудочниот карцином почесто се јавува кај мажите отколку кај жените со однос 3:1.






Знаци и симптоми



Желудочниот карцином е често асимптоматски (не покажува симптоми) или предизвикува само неспецифични симптоми во најраните фази. Со тек на време со појавувањето на симптомите најверојатно е дека карциномот достигнал напредната фаза и обично има лоша прогноза.



Желудночниот карцином ги дава обично следниве симптоми:



Фаза 1 (ран стадиум)



- Индигестија или жаречка сензација

- Губиток на апетит, особено за месо

- Абдоминална непријатност (дискомфорт) или иритација



Фаза 2 (среден стадиум)




- Слабост и замор

- Дуење на стомакот, особено после оброците



Фаза 3 (доцен стадиум)



- Абдоминална болка во горниот дел од стомакот

- Гадење и понекогаш повраќање

- Дијареа или опстипација

- Губиток на тежина

- Крварење (повраќање на крв или постоење на крв во столицата) – темна крв – мелена. Ова може да доведе до анемија.

- Дисфагија (отежнато голтање) – овој знак посочува на тумор во кардијата или ширење на желудочниот карцином во хранопроводот.



Овие симптоми може да се појават и при други проблеми, како стомачен вирус, улкус на желудникот или целијакија.



Дијагноза




Се поставува врз основа на анамнезата и целокупната историја, физикалното испитување, гастроскопски испитувања, горно-дигестивна рентгенографија (со контраст), компјутеризирана томографија.



Од абнормалното ткиво кое се гледа со гастроскопија се зема биоптичен материјал и се испитува хистопатолошки. Може да се земе примерок од столицата со цел испитување на окултно крварење.



Хистопатологија




Желудочниот аденокарцином е малиген епителен тумор, кој потекнува од жлездениот епител на желудочната слузница. Најголемиот дел (90%) од желудочните карциноми припаѓаат на аденокарциномите. Постојат два типа на аденокарциноми – интестинален и дифузен тип. Аденокарциномите имаат тенденција кон агресивна инвазија на гастричниот ѕид, инфилтрирајќи ги сите три слоја (мускуларис мукоза, субмукоза и мускуларис проприа).



Интестиналниот тип на аденокарциноми се состои од клетки кои се опишуваат како нерегуларни тубуларни структури со засолнувачка мултипна стратификација, мултипни лумени и редуцирана строма (“back to back” аспект). Кај дифузниот тип на аденокарцином (муцинозен, колоиден, линитис пластика, желудник во форма на кожно шише),

туморските клетки се расфрлани и дифузни и секретираат мукус (слуз). Овој тип на тумор е оскудно диференциран. Доколку слузта се лачи внатре во клетките, јадрото се потиснува на страна, давајќи им на клетките аспект на печатен прстен.



Околу 5% од гастричните малигноми се лимфоми (МАЛТ-оми, МАЛТ лимфоми).

Карциноидите и стромалните тумори исто така може да се појават во желудникот.



Терапија




Оперативниот зафат
е најчестиот третман за гастричните карциноми, при што се отстранува или дел од желудникот заедно со зафатените лимфни јазли или пак се отстранува и дел од дуоденумот и панкреасот. Долнотретинските тумори може да подлежат на Билрот 1 или Билрот 2 оперативна процедура.



Ендоскопската мукозна ресекција е третман за туморите во ран стадиум, каде промената е лоцирана само на мукозата.

Хируршките интервенции се куративни кај помалку од 40% од случаите, а во случај на метастази, хируршката интервенција може да биде само палијативна метода.



Хемотерапијата е стандард во терапијата. Се користат цитостатици како 5-флуороурацил, доксорубицин, митомицин Ц, цисплатин и таксотере или пак нивни комбинации.



Радијационата терапија
е палијативна метода која се користи за намалување на големината на туморот и намалување на болките.



Мултимодалната терапија – преставува комбинација од оперативен зафат, хемотерапија и радијациона терапија.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER