Каснување од змија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Каснување од змија

Автор:

Роберт Николовски

Студент по Општа Медицина




И змиите се дел од оваа планета, па добро е да знаеме што треба да правиме ако не касне некоја од нив....






Доаѓа време кога сите ние сакаме да се опуштиме со престои во планина, кампувања, заминување на море, уживање во благодетите на природата... Сепак не треба да заборавиме дека треба да бидеме многу внимателни. Една од опасностите кои мораме да ги земеме во предвид се змиите, кои нормално претставуваат дел од оваа природа. Затоа даваме совети што треба да направите доколку ве касне змија и како треба да постапите со цел да го намалите ризикот од последиците и да го зачувате животот.

На нашите подрачја живеат 14 видови на змии од кои само две се отровни и тоа поскок и шарка.



Поскокот е нешто повеќе отровен од шарката меѓутоа како и да е овие змии се далеку по неотровни од некои афрички или азиски видови на змии, па затоа каснувањето од овие два вида на змија ретко кога е смртоносен.





ПОСКОК (камењарка, Vipera ammnodytes), оваа змија има изразито сива боја, а достигнува должина до еден метар. Главата и е срцевидна со карактеристичен белег на врвот на носот. Од главата па се до опашката се забележува карактеристична темна крива линија, по која најчесто се препознава овој вид на змија.







ШАРКА (Vipera berus) оваа змија е распространета низ цела Европа. Нејзината должина е од 60 до 80 цм, и како и поскокот на нејзиниот грб се забележува долга цик-цак линија. Постојат два типа на оваа змија Vipera berus bosniensis и Vipera pseudoaspis.



Најважно е кога ќе се здобите со убод од змија да утврдите дали се работи за отровна змија или пак не. За разлика од неотровните, отровните змии ги разликуваме по тоа што нивната глава е триаголна по форма, очите им се елипсовидни и имаат вдлабнатина помеѓу очите и носот.



- По каснувањето од змијата никако не обидувајте се да ја фатите, бидејќи така ризикувате да добиете нов убод.



- Доколку змијата е мртва, многу важно е да ја донесете во болница поради нејзина идентификација, што е многу важно понатаму за терапијата.



-
После каснувањето од змијата на местото можете да забележите најчесто две убодни рани одалечени меѓусебно 6 до 8 милиметри, иако во ретки случаи има една рана или само гребнатина (постоењето на раната не значи дека отровот е испуштен, докажано е дека дури 22% од каснувањата од змија иако со карактеристична рана, отровот не бил испуштен во телото)



Реакција по каснувањето




На местото на каснувањето во наредните два часа се јавува болка и оток. Кај потешките труења болката е остра интензивна и се карарактеризира со оток кој брзо се шири и често е проследен со интензивни поткожни крварења. Освен интензивното црвенило на кожата можат да се јават меури исполнети со крв. Во половина од случаите на каснување од змија освен овие симптоми се јавува и вртоглавица, мачнина, повраќање што е резултат на вбризганиот отров од страна на змијата. Исто така може да се јави оток во регионалните лимфни јазли, под пазувите ако се работи за каснување во пределот на раката или во препоните ако се работи за каснување во пределот на ногата. Овие отоци најчесто се проследени со малаксаност, ладна кожа оросена со пот, забрзана работа на срцето, пад на притисокот, несвестица и на крај смрт.



КАКО ТРЕБА ДА ПОСТАПИМЕ
:




- Ако змијата не е отровница - Во тој случај раната треба да се стерилизира, да се премачка со антибиотска маст и да се преврзе. Потоа треба да провериме кога каснатото лице последен пат е вакцинирано против тетанус, а ако е поминато повеќе од пет години потребно е ревакцинирање.




- Ако се сомневаме дека змијата е отровница - Во тој случај лицето треба строго да мирува, што значи треба да го избегнува и најмалото движење, а раката или ногата на која што има каснување треба да се имобилизира. Околу 5 до 10 сантиметри над каснатото место треба да се подврзе, со што би се спречила венската и лимфната циркулација, за да се забави ширењето на отровот низ телото. Важно е да не се подврзе премногу силно, за да не се запре венската циркулација. Лицето мора што е можно побрзо да биде пренесено во болница. Се хоспитализираат сите случаи на каснување од змија без размислување дали се работи за отровница или не.



Не ретко во разни литератури ќе сретнеме контрадикторности во постапките за прва помош по каснување од змија, што не само лаиците често се збунуваат туку и самите лекари. Денес е општо прифатено дека: раната НЕ се исекува, отровот НЕ се извлекува, а лед НЕ се става на местото на каснувањето!!!!!



А
ntiviperinum серум – серум против каснување од змија, потекнува од коњски серум кој содржи антитела што коњот ги произведува по убризгувањето на соодветниот отров. Овој антисерум се дава исклучително во болнички услови интравенски, и тоа само во услови кога е индициран, бидејќи антисерумот може да предизвика сложени па дури и животно опасни компликации (анафилактички рекации).



ПРЕВЕНЦИЈА




Некои каснувања како што се оние кога човекот случајно ќе ја згазне змијата неможат да се избегнат, меѓутоа постојат некои мерки, кои ако се почитуваат постои помала можност да добиете каснување од змија.



- НЕ ВОЗНЕМИРУВАЈТЕ ЈА ЗМИЈАТА, многу луѓе биле каснати при обидот да ја убијат змијата или да и се приближат за да ја видат подобро.



- ИЗБЕГНУВАЈТЕ ВИСОКА ТРЕВА, ако немате гумени чизми или некоја друга соодветна облека движете се по веќе обележана патека.



- РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ НЕ ГИ СТАВАЈТЕ НА МЕСТА КОИ СЕ НЕПРЕГЛЕДНИ.



- НЕ ПРИДВИЖУВАЈТЕ КАМЕЊА ИЛИ ДРВА АКО НЕ СТЕ НА ДОВОЛНА ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД ПОТЕНЦИЈАЛЕН НАПАД НА ЗМИЈА.



- ПОСЕБНО БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ПРИ КАЧУВАЊЕТО ПО ЅИДОВИ.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER