Кашлицата е сериозен симптом | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПЕДИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Кашлицата е сериозен симптом

 

Кашлицата не е воопшто наивен симптом – предупредуваат лекарите. Многу е важно да се најде причината за кашлицата. Кашлицата може да биде предизвикана од вируси, бактерии, алергии, карциноми, срцеви проблеми, лекарства и многу други работи. Во сите од овие случаеви терапијата е различна. Лекарската дијагноза е неопходна кога ќе забележите честа кашлица.

 

Особено е важно навремено дијагностицирање на проблемите кај децата. Педијатрите велат дека родителите многу често на своите деца на своја рака им даваат сирупи и таблети против кашлица мислејќи дека се работи за обична сезонска настинка. Немојте ова повеќе да го практикувате – остро предупредуваат педијатрите.

 

Кашлицата може да биде навистина сериозен симптом кај децата доколку често ја има. Ако детето често кашла особено кога е заморено, веднаш посетете лекар и побарајте детални анализи. Не ретко во вакви случаеви се работи за почеток на бронхитис.

 

Чаевите можете да ги давате без проблем кога кашлицата неможе да се смири заедно со останатата терапија, но најдобро со претходна консултација со педијатар. Некои чаеви можат да влијаат со терапијата или да го попречуваат нејзиниот ефект.

 

Според познавачите на народната медицина жалфијата и камилицата се растенија кои најдобро ја смируваат кашлицата и имаат најдобар ефект.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER