Кето-диета за бодибилдери – никако без консултација од лекар | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

СПОРТСКА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Кето-диета за бодибилдери – никако без консултација од лекар

Бодибилдерите се познати по нивните екстремни физички вежби и нивниот дисциплиниран пристап кон исхраната и тренинзите. Кето диетата е метод кој го користат некои од бодибилдерите за да бидат максимално спремни за натпреварувањата. Употребувајќи ја оваа диета, која е со драстична рестрикција на јаглехидрати, ги тестира границите на физиологијата на човековото тело.







Насоки



За да се следи кето диетата треба да се елиминираат од исхраната скоро сите јаглехидрати. Продуктите како леб, тестенини, компири и повеќето типови на овошје и шеќери не се дозволени во исхраната. Дозволени се продуктите како месо, риба, сирење, семкасто овошје и зеленчук. Диеталните сокови се дозволени за да ја задоволат желбата за благо. Иако мастите се високи во оваа исхрана, тоталните калории се држат на пониско ниво од дневните потреби за да се одржи константна телесна тежина.



Функција



Според бодибилдинг експертот Др. Мауро Паскал, елиминацијата на јаглехидратите им овозможува на бодибилдерите брзо да го намалат масното ткиво и да го забрзаат метаболизмот. Во отсуство на јаглехидрати, телото мора да најде замена за глукозата (крвниот шеќер) за да се одржи во живот. После неколку дена од јаглехидратната рестрикција, телото влегува во кето-ацидоза, состојба во која масните наслаги се разложуваат до кетони кои претставуваат соодветна замена за глукозата.



Ефекти



Според Др. Паскал, кето диетата брзо ги согорува масните наслаги зошто мастите можат да бидат конвертирани во кетони а кетоните не можат да се складираат или повторно да се претворат во масти. Ако не се искористат, кетоните ќе се исфрлат преку урината. Рестрикцијата на јаглехидратите исто така ја ограничува и продукцијата на инсулин, со што се намалува и способноста на организмот да ја пренесе глукозата до масните клетки каде што се складира.



Видови



Постојат неколку кето диети со различни теории за најбрзо губење на килограмите. Некои експерти препорачуваат диетата да се применува само за време на натпреварувањата, а во останатиот период да внесуваат јаглехидрати за да се наполнат резервите на гликоген во мускулите.



Предупредување



Кето диетата останува да биде контраверзна и никогаш не треба да се изведува ако немате супервизија од лекар. Лекарите предупредуваат за негативните ефекти од оваа диета како што е кетоза, вртоглавица, слабост, лошење и промени во расположението.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER