Клучот за избегнување на повторните повреди на глуждовите лежи во колкот и колената | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

СПОРТСКА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Клучот за избегнување на повторните повреди на глуждовите лежи во колкот и колената

Скоро сите активни луѓе доживуваат истегнување и повреди во глуждовите во одредено време од животот. Новата студија на Универзитетот во Грузија сугерира дека повторливите повреди на глуждовите зависат од тоа како луѓето ги движат колковите и колената.



Во минатото, специјалистите по спортска медицина препорачувале вежби за зајакнување и истегнување после некоја повреда или исчашување, кои единствено го третирале само зглобот на ногата. Кинезиолозите кои учествувале во новата студија, сугерираат дека движењето во колената и колкот можеби игра важна улога во истегнувањето и повредите на глуждот.



За целите на оваа студија, 88 испитаници биле поделени во три групи, и тоа: неповредена контролна група, активни луѓе кои сеуште чувствуваат проблеми во глуждовите после повредата и луѓе кои го имале повредено глуждот, но не чувствувале никакви проблеми или тегоби. Сите испитаници биле облечени во специјални костуми на кои биле закачени електроди кои ги пренесувале информациите до комјутер, кој потоа ги анализирал податоците. Тестот се состоел од скокање од платформа.



Резултатите биле зачудувачки: испитаниците од неповредената контролна група, при приземјувањето од скокот, ги виткале колената и правеле почести движења во колковите, отколку луѓето во останатите групи. После тестот, истражувачите заклучиле дека онаа група на испитаници кои имале повреда и чувствувале тегоби, не користеле стратегија на приземјување како испитаниците од контролната група.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER