Колку се ризични аеродромските скенери? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Колку се ризични аеродромските скенери?

Анализа на експертите за потенцијалните ризици од појава на рак предизвикан од ниско ниво на радијација



Скенерите кои го снимаат целото тело станаа стандардна процедура на аеродромите низ светот. Нивната употреба е насочена кон безбедноста на самите патници. Меѓутоа, некои експерти се загрижени поради тоа што најчесто употребуваните типови на скенери го зголемуваат ризикот од појава на рак поради ниското емитирачко ниво на јонизирана радијација.






Типот на скенери кои се применуваат на аеродромите се со X-зраци кои можат да детектраат скриени објекти под облеката, како неметални експлозиви или огнено оружје. Секојпат кога еден патник ќе помине низ еден од овие скенери се изложува на ниско ниво на радијација.



Индивидуалниот ризик од смрт поради рак од ваков тип на експозиција е екстремно мал – околу 1 на 10 милиони за патување кое вклучува две снимања.



Според радиолозите не постои потреба да се лимитира бројот на снимања т.е патувања годишно. Но, некои експерти веруваат дека сликата се менува кога се гледа од една поголема перспектива, а тоа е дека милиони патници се подложни на радијација секој ден.



Кон овој контекст тоа значи дека на една милијарда патувања би имало 100 смртни случаеви поради аеродромското скенирање. Исто така се потенцира и дека ризикот кај децата е 5 до 10 пати поголем отколку кај возрасните. Како група која е изложена на уште поголем ризик е и аеродромскиот персонал.



Докторите препорачуваат овие направи да се користат исклучително внимателно и според прописите и дека не треба да се прави скенирање ако реално не постои опасност. Се смета дека донесувањето на еден поригорозен закон кој ја регулира употребата на овие скенери би бил од големо здравствено значење за патниците, и би се осигурала безбедноста на патниците и аеродромскиот персонал.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER