Користењето на кетамин може да ја оштети функцијата на мочниот меур | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Користењето на кетамин може да ја оштети функцијата на мочниот меур

Резултатите од истражувањето објавени во Journal of Urology покажале дека долготрајното конзумирање на кетаминот, улично познат и како SpeciaL K или слично, може да влијае на функционирањето на мочниот меур и да предизвика непосредна инконтиненција и болка во карлицата.







Итна инконтиненција се карактеризира со ненадеен, силен и незадржлив нагон за уринарење веднаш по неконтролирано истекување на мали или големи количини на урина.



Истражувањето покажало дека симптомите можат да траат и до година дена по престанокот со конзумирање на кетаминот.



Користењето на анестетикот кетамин е во голем пораст во многу земји. Зависно од типот на кетаминот тој е поврзан со развој и на некои ментални проблеми како што се халуцинациите, способноста за намалено памтење, тешко концентрирање и слично. Исто така и конзумирањето на кетаминот може да го зголеми ризикот од покачен крвен притисок.



Последното истражување ја нагласува штетноста на кетеминот врз долните делови од уринарниот тракт, што вклучува симптоми на инконтиненција, крвава урина, болки при уринарењето и слично.



Извор: Journal of Medicine



Превел и обработил:

Роберт Николовски - студент на медицина

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER