Крварење за време на сексуален однос | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Крварење за време на сексуален однос

Прашање: 
Здраво.Моето прашање е во областа на гинекологијата. Редовно посетувам гинеколог.Имав проблеми со мочниот меур околу 3 години.Имав ешерихија коли.Меѓутоа, инфекцијата помина, престанав да мокрам често. Микробиолошките наоди беа добри. Меѓутоа, потоа ми се појави проблем да крварам за време и после сексуален однос.Не многу, но доволно за да ме загрижи.И тоа се случува без исклучок на секој сексуален однос. Посетив два доктора,од кои едниот ми рече дека станува збор за хормонално пореметување и ми препиша лекарства. Имам правено ПАП тестови досега 2 ( сексуално сум активна 5 години и имам постојан партнер). ПАП тестовите излегоа добри меѓутоа крварењето не престана. Другиот доктор (матичниот) ми рече дека станува збор за цервицитис (воспаление на грлото на матката). Правев ехо, користев вагиналети Полигинакс и Гинекс. Ова ми се случува некаде година и пол време при што во период од 3 месеци немаше ништо и повторно се појави. Ме загрижува тоа што докторот ми вели дека нема нешто како рана на грлото на матката а на секој преглед го вели истото, т.е. инфламација и ми препишува вагиналети од кои што нема ефект.Правев ПАП тест повторно и за некои 10-тина дена го чекам резултатот. Претходните два ги правев на 1 година и беа добри. Ве молам за совет што да направам. Имам 23 години и стравувам да не е некоја посериозна болест. Ви благодарам однапред и го очекувам Вашиот одговор. Поздрав
Одговор: 
Почитувана, Вашиот здравствен проблем кој што подолго време ве мачи може да биде решен со неколку постапки. Бидејќи крварењето не престанува и е присутно подолго време, потребно е да се направат следните испитуавања: 1. Мерење на базална температура во период од три месеци. 2. Повторно земање на микробиолошки брисеви. 3. Испитување на хормони на третиот и 21-иот ден од менструалниот циклус. 4. Испитување на ПХ фактор на вагина и евентуално колпоскопија. По добивањето на комплетните резултати, постапката на лекување ќе биде во зависност од истите. Во случај да има отстапки по било кој од испитуваните параметри, лекувањето може да биде или поединечно или заедно со партнерот. Тоа би било антибиотска терапија, вагиналети од различен тип, а во исто време и вагиналети за нормализирање на ПХ вредноста на вагината. За целосно излекување, потребно е да се направи испитување и кај вашиот партнер. Доколку и кај него се најдат абнормалности, лекувањето мора да биде обострано. Начинот на употреба на лековите и нивниот вид треба да ги одреди вашиот матичен гинеколог. Исто така, нема да биде лошо да побарате и второ мислење (од друг гинеколог). Очекувајте лекувањето да трае од три до шест месеци. Поздрав

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER