Крварење и циклопрогинова | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Крварење и циклопрогинова

Прашање: 
Здраво мојот проблем е во областа на гинекологијата. Веќе една година користам Циклопрогинова затоа што имав прекрварено пред циклусот и тоа многу обилно крварење. Ми дадоа инјекции и капки ергометрил и таблети примолутнор и неколку месеци ми беше во ред циклусот со циклопрогиновата и сега повторно ми се случува истото, уште на 12-то апче од циклопрогиноавата јас прокрварувам. Бев на гинеколог, ме гледаа и ми рекоа дека немам ништо, но јас сметам дека сигурно има некој проблем, не е можно вака да крварам. Инаку имам 46 години ве молам за совет. Благодарам.
Одговор: 
Почитувани, Менструалниот циклус е процес кој што трае од раната детска возраст (од 10 години па натаму) прва менструација (менарха) па се до последната менструација предменопауза. Тој процес треба да се одвива циклично, на секои 28 денови. Менструацијата започнува со првиот ден на крварење кое што може да биде обилно или оскудно. Се смета дека секое крварење од еден, три и максимум седум денови е во граници на нормала. Целокупниот процес е предизвикан од хормонски дејствија кои што се одвиваат во заеднички циклус на хипоталамус, хипофиза и овариум. Женските хормони се менуваат заедно со возраста и се смета дека после 45-тата година, јајниците се истрошени, па и крварењата можат да бидат дисхармонични. Во вашиов случај, не треба да правите хормонски статус и не треба да земате Циклопрогинова иако по својот состав тоа е лек кој што е најблизок до женските хормони. Земањето на Циклопрогинова може да предизвика мали крварења а тоа се совпаѓа со овулацијата на јајцевата клетка (поради пад на нивото на естроген во крвта). Бидејќи сте во перименопауза (пред менопауза), не треба да бидете загрижени доколку сите други прегледи кои што сте ги направиле се во ред (ПАП, ЕХО, Дебелина на ендометриум, овариуми и слично). Поздрав

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER