Ласерски третман што ја менува бојата на очите | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОФТАЛМОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Ласерски третман што ја менува бојата на очите

Еден Американски доктор со години се обидувал да создаде технологија која ќе овозможи менување на бојата на очите. Др. Грег Хомер тврди дека 20-секундниот ласерски третман може да го отсрани кафениот пигмент на ирисот (шареницата) на окото, и постепено тоа да ја смени својата боја во сина.







Оваа контраверзна процедура сеуште е во период на испитување, а Др. Хомер е во постојана потрага по средства за да се започне клиничкото испитување на неговиот ласер. Сепак, многу офталмолози не се сложуваат со неговата процедура, поради тоа што уништувањето на пигментот на шареницата може да предизвика проблеми со видот доколку премногу светлина навлезе во пупилата (црнката).



Строма Медикал, компанијата која ќе стои зад овој процес, проценува дека се потребни најмалку 18 месеци за да се испита безбедноста на оваа контраверзна процедура.



Процесот на менување на бојата на очите вклучува компјутеризирано скенирање кое го снима ирисот и прави детална тридимензионална снимка. Потоа, се започнува со ласерскиот третман. Ласерскиот зрак, водејќи се по претходно изработената снимка, ја третира секоја точка од ирисот, се додека не ја покрие целата површина.



Третманот трае околку 20 секунди, при што целиот пигмент во окото е уништен. Првите неколку недели, бојата на очите е потемна од пред третманот, поради процесите што се случуваат во третираната регија. После тоа, во рок од една до три недели, очите ја добиваат финалната сина боја.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER