Лумбаго | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

РЕВМАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Лумбаго

Дефиниција:



Лумбаго претставува блага до остра болка, или непријатност во долниот дел од грбот. Болката може да биде акутна или хронична доколку константно се чувствува во период од три месеци. Од оваа непријатна болка страдаат млади луѓе кои се занимаваат со тешка физичка работа како и луѓе во поодминати години.


Кои се причините за појава на лумбаго?



Во поголемиот дел од случаите, невозможно е да се дефинира причината, а кај 25% од случаите причината е позната. Најчесто, овие болни страдаат од остеопороза, сколиоза, оштетување на скелетниот систем кое се должи на инфекции, тумори и слично.



Кои се симптомите на лумбаго?




- Болка долж долниот дел од грбот која може да се почувствува и во задниот дел од телото, задниот дел од бутот или препоните. Болката вообичаено се зголемува со движење.

- Ограничувања во движењата на р`бетот – особено при флексија и екстензија-наведнување нанапред или наназад.

- Напнатост на мускулите кои го опкружуваат р`бетот и појава на вкочанетост на грбот.

- Болката е понекогаш проследена со скокотлива сензација или пасивност кај бутниот мускул и мускулите на задниот дел од телото.



Кои се опасни симптоми?




Ако наеднаш забележите дека не сте во можност да ги контролирате своите нагони за уринирање и дефекација или чувствувате вкочанетост во бутовите и долниот дел од грбот, задолжително побарајте лекарска помош.

Ако страдате од хронични болки во грбот и забележите намалена сила на мускулите во едната или двете нозе, исто така контактирајте го вашиот лекар. Овие симптоми укажуваат на компресија на р`бетниот столб и задолжителен е медицински третман со цел да се избегне трајно оштетување.



Што треба да се направи за да се намали болката?




- Употреба на аналгетици. Специјални медикаменти за релаксација на мускулите исто така можат да бидат препишани. Не-стареоидни лекови против воспаленија и мускулни релаксанти се повеќе од добредојдени во вакви ситуации.

- Телесната активност е клучна. Останете активни, продолжете со Вашите физички активности иако чувствувате болка.

- Топлината помага, исто како и пливањето во базен со топла вода.

- Одмарајте почесто во текот на денот, ако има можност, тоа нека биде на цврста и рамна подлога.

- Избегнувајте скокање, наведнување, кревање товар и седење на ниски столчиња.

- Имајте на ум дека болките во грбот се ретко предизвикани од сериозни болести и обично ги снемува за извесен период.



Хронична болка во долниот дел на грбот




- Ако сте страдале или страдате од болки во грбот подолг период, треба да се консултирате со Вашиот матичен лекар. Што се однесува до рентгенот, ретко кога тој помага во вакви ситуации. Упатување кон преглед од физиотерапевт или ортопед може да биде во корист и да ги намали болките, но не засекогаш.

- Болката во долниот дел од грбот се намалува со правење грбни вежби, масажи и терапија за третирање на болки во грбот.

- Засега нема докази дека користењето антидепресиви, ЕМГ и разни инјекции е ефективно.



Како се поставува дијагноза?




Во најголемиот дел од случаите, докторите ја оформуваат дијагнозата од информациите кои ги дознаваат од своите пациенти, т.е анамнезата.

Ортопедите, обично го подвргнуваат пациентот на специјални испитувања и го надгледуваат движењето на зглобовите кај р`бетот, карлицата и колковите; изведуваат ортопедски и тестови за мускулите и испитуваат дали има некакво оштетување на нервите.



Генерално гледано, ретко кога треба да се направи рентген дијагностика, магнетна резонанса или крвна слика за да се дознаат причините за појава на болките.



Како треба да се третира лумбагото?




Акутна болка во долниот дел од грбот:




- Ибупрофен, да се задржи активноста на телото, аналгетици, мускулни релаксанти.



Хронична болка во долниот дел од грбот:




- Вежби за грбот, третмани, аналгетици, инјекции за лигаментите, спинална манипулација.

Како и да е, од голема важност е заболениот да ја оддржува својата телесна активност и навремено да прима соодветен третман. Докажано е дека слабите грбни и стомачни мускули го зголемуваат ризикот за појава на болки бо грбот. Умерени вежби за зајакнување на овие мускули се препорачани.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER