Луѓето кои редовно пијат аспирин се со зголемен ризик од загуба на видот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОФТАЛМОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Луѓето кои редовно пијат аспирин се со зголемен ризик од загуба на видот

Возрасните луѓе кои земаат аспирин секојдневно, се изложени на двојно поголем ризик да развијат макуларна дегенерација - најчеста причина за губење на видот со староста, соопшти Ројтерс.







Податоците од истражувањето не покажуваат дека аспиринот директно предизвикува губење на видот. Резултатите сепак покажуваат дека тој на некој начин ја влошува состојбата, со оглед на тоа колку луѓе го примаат секој ден за кардиоваскуларни болести.



"За луѓето кои страдаат од дегенерација на макулата, веројатно не е најдобра препорака да пијат аспирин", вели Др. Вилијам Кристал, специјалист, кој учествувал во истражувањето. Авторите на студијата од Институтот за неврологија во Холандија собрале податоци за здравјето и начинот на живот на околу 4700 луѓе над 65-годишна возраст. Истражувањето вклучува неколку европски земји - Норвешка, Естонија, Велика Британија, Франција, Италија, Грција и Шпанија.



Од 839 учесници во истражувањето кои земале аспирин секојдневно, 36 имале напредната форма на болеста, позната како влажна макуларна дегенерација - или четворица на секои 100 лица. За споредба - само двајца на секои 100 луѓе кои ретко пиеле аспирин, страдале од ист тип на болест.



Влажната макуларна дегенерација е поретка форма на болеста, но е поврзана со значително губење на видот. Повеќе распространетата сува форма дава полесна клиничка слика, но исто така го оштетува видот. Двете форми на макуларна дегенерација ја сочинуваат водечката причина за загуба на видот меѓу луѓето над 60-годишна возраст.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER