Магнетна резонанца | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Магнетна резонанца

Дефиниција



Магнетната резонанца е техника со која преку магнетно поле и радио бранови се добиваат детални слики на органите и ткивата во телото.



Машината за магнетна резонанца е всушност голем магнет во форма на цевка. Кога ќе легнете во машината за магнетна резонанца, магнетното поле привремено ги подредува молекулите на вода во вашето тело. Радио брановите ги поттикнуваат овие молекули на вода да произведат многу слаби сигнали кои се употребуваат за да се направат снимки со пресеци.



Оваа машина може исто така да се употреби за да се направат 3D снимки кои можат да се разгледуваат од повеќе агли.






Зошто се изведува?



Магнетната резонанца е неинвазивен начин за преглед на органите, ткивата и скелетниот систем. Таа создава снимки со висока резолуција кои помагаат во дијагностицирање на многу проблеми.



Магнетна резонанца на черепниот и ‘
рбетниот мозок



МР се употребува за тестирање на черепниот и ‘рбетниот мозок при дијагностицирање на:



· Анеуризам

· Пореметувања на надворешното и внатрешното око

· Мултиплекс склероза

· Повреди на ‘рбетниот мозок

· Мозочен удар

· Тумор



Функционалната магнетна резонанца може да се употреби за да се идентификуваат важни делови од мозокот кои служат за контрола на јазикот и движењата кај луѓе кои се подготвуваат за операција на мозокот.



Магнетна резонанца на срцето и крвните садови




МР на срцето и крвните садови дава пристап до:



· Големината и работата на срцевите комори

· Дебелината и движењето на ѕидовите на срцето

· Сериозноста на штетата предизвикана од срцев удар или срцеви заболувања

· Структурни проблеми на аортата, како анеуризам или дисекција

· Насобирањето на плак во крвните садови





Магнетна резонанца на други внатрешни органи




МР може да се употреби за проверка на тумори или други абнормалности на многу органи во телото, вклучувајќи: црн дроб, бубрези, слезина, панкреас, матка, јајници, простата и тестиси.



Магнетна резонанца на коски и зглобови




МР може да послужи за дијагноза на:



· Проблеми со зглобовите, како артритис

· Абнормалности кај зглобовите предизвикани од постојани повреди

· Абнормалности во ‘рбетот

· Коскени инфекции

· Тумори на коските и меките ткива



Магнетна резонанца на дојка




Покрај мамографијата, МР може да се употреби за откривање на рак на дојка, посебно кај жени кои имаат густо градно ткиво или кај кои постои голем ризик од оваа болест.



Ризици




Присутството на метал во вашето тело може да претставува опасност или да влијае на дел од снимката. Кажете му на технологот доколку во вашето тело има метал или електронски направи како:



· Метални протези во зглобовите

· Вештачки срцеви валвули

· Срцев дефибрилатор

· Пејсмејкер

· Стент

· Кохлеарни импланти

· Куршум, шрапнел или било какво друго метално парче



Известете го технологот и доколку сте бремени бидејќи се уште не се добро познати ефектите на магнетните полиња врз фетусот. Вашиот доктор може да ви препорача некое друго тестирање или одложување на магнетната резонанца.



Исто така е важно да кажете доколку имате проблеми со црниот дроб или со бубрезите бидејќи проблемите со овие органи може да донесат ограничувања на употребата на инјектираните агенси за време на тестирањето.



Како да се подготвите?




Пред МР, јадете нормално и земајте ги редовните лекови, освен ако докторот не ви каже поинаку. Ќе ве замолат да се преслечете во наметка и да отстраните:



· Накит

· Шноли

· Очила

· Рачен часовник

· Перика

· Вилици

· Апаратче за слушање

· Градник со метална жица



Што да очекувате?




Машината за МР изгледа како тунел кој на двете страни е отворен. Легнувате на подвижна маса која влегува низ отворот на тунелот. Технологот ве набљудува на монитор од друга соба. Можете да разговарате со него/неа преку микрофон.



Машината создава силно магнетно поле околу вас и кон вашето тело се упатуваат радио бранови. Постапката е безболна. Не можете да ги почувствувате радио брановите и магнетното поле и ништо не се движи околу вас.



За време на МР, внатрешниот дел на магнетот создава чукање и други звуци. За да се придушат овие звуци, може да ви понудат чепчиња за уши или да ви пуштат музика. Доколку се плашите дека ќе почувствувате клаустрофобија во машината, разговарајте со вашиот доктор. Тој може да ви препорача седатив пред да започнете со резонанцата.



МР обично трае помалку од еден час. Мора да седите многу мирно бидејќи движењата може да ја заматат снимката. Во некои случаи, се инјектираат агенси во вените за да се зголеми јасноста на одредени ткива или крвни садови на снимките.



За време на функционална МР, може да ви кажат да извршите неколку мали задачи – чукање со палецот на прстот, триење парче шмиргла или одговарање едноставни прашања. Со ова се утврдуваат деловите од мозокот што ги контролираат овие активности.



Доколку не сте земале седатив пред МР, можете да продолжите со нормалните активности веднаш по тестирањето. Мајките кои дојат, не треба да дојат барем 24 часа по тестирањето, доколку во нивното тело бил инјектиран агент.



Резултати




Радиологот (доктор специјално обучен за МР) ги анализира снимките и го известува докторот за резултатите. Потоа, вашиот доктор разговара со вас за резултатите и за следните чекори.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER