Мигрената води кон депресија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Мигрената води кон депресија

Луѓето кои страдаат од мигрена се изложени на повисок ризик од развој на депресија, покажува новото канадско истражување.







Од друга страна пак, депресијата може да го зголеми ризикот од развој на мигрена, констатираат научниците. Затоа, погодените индивидуи од депресија или мигрена треба да ги знаат знаците на двете состојби, истакнува авторот на истражувањето Др. Модгил од Универзитетот во Калгари.



Секој десетти човек страда од мигрена. Таа предизвикува пулсирачка главоболка, а епицентар на болните чувства се слепоочниците, челото и очите. Може да биде придружена и со гадење, повраќање, чувствителност на светлина и шум или проблеми со видот.



Депресијата е сериозно ментално растројство што се карактеризира со тага, несоница, замор, и лошо расположение. Постепено доведува до намалување на способноста за работа, промени во апетитот и недостаток на задоволство од секојдневните активности.



Научниците за целите на истражувањето набљудувале 15 000 лица. Во рок од 12 години, 15% од учесниците развиле депресија, а 12% - мигрена.



Случаите на ментално растројство се значително почести меѓу луѓето кои имаат симптоми на мигрена уште во почетокот на истражувањето - 22% од оние кои страдаат од главоболка се засегнати од депресијата, во споредба со 14,6% од оние кои немале мигрена.



Според пресметките на експертите, луѓето со мигрена се изложени на 80% поголем ризик од развој на депресија, отколку луѓето кои не страдаат од мачната главоболка.



Научниците се уште не можат да ја утврдат причината за врската меѓу двете состојби. Истражувањата на оваа тема продолжуваат.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER