Митови и факти за констипацијата | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Митови и факти за констипацијата

 

Мит: Треба да вршите голема нужда секој ден

 

Зборот нормално има различно значење од личност до личност. Некои луѓе одат по голема нужда три пати на ден додека други три пати неделно. Иако, да се има празнење на дебелото црево секој ден е нормална работа, сосема е во ред ако тоа не се случи неколку дена. Констипација значи да имате помалку од три празнења неделно. Се смета за тешка констипација ако имате помалку од едно празнење неделно. Побарајте медицинска помош за ненадејна констипација или констипација која трае повеќе од две недели.

Мит: констипацијата создава токсини и проблеми со здравјето

 

Некои луѓе веруваат дека со констипацијата телото ги апсорбира токсините од фецесот. Тие веруваат дека ова може да предизвика болести како артрит, астма и рак на дебелото црево. До сега нема докази дека навистина се апсорбираат токсини или дека чистењето на дебелото црево ќе спречи појава на рак.

 

Мит : Запекот значи дека е потребно само да внесувате повеќе целулозни влакна

 

Зголемениот внес на целулоза може да ја олесни констипацијата, но хроничната констипација може да сигнализира сериозен здравствен проблем. Може да означува лошо функционирање на тироидната жлезда или дијабет, но и несакан ефект на некој лек. Во ретки случаеви може да сигнализира болест како рак или автоимуно заболување.

 

Факт: Голтнатата гума за џвакање може да се залепи

 

Ова е вистинито – но само во ретки случаеви и кај деца. Понекогаш голтањето на повеќе мастики за кратко време можат да формираат големи парчиња кои можат да го блокираат дигестивниот тракт. Но, за повеќето луѓе голтнатите делови кои не се варат се исфрлаат од телото исто како и сите други парчиња храна кои телото не може да ги свари.

Факт: Расположението може да влијае на регуларноста на столицата

 

Депресивното расположение може да предизвика констипација или да ја влоши постоечката. Намалување на стресот, медитација, јога и техники на релаксација можат да помогнат. Масирањето на абдоменот може да ги релаксира мускулите кои поткрепуваат цревата и истите да почнат да работат побрзо.

 

Мит: Не штети ако намерно ја задржувате столицата

 

Можеби сте презафатени на работа да одите до тоалетот или сакате да почекате да се вратите дома. Ваквата практика не само што ќе ви направи да чувствувате дискомфорт туку и ќе предизвика констипација преку ослабнување на сигналите. Секогаш кога природата повикува – одговорете.

 

Факт: Одредени лекарства можат да предзвикаат запек

 

Некои лекарстства за болка, депресија, висок крвен притисок и за Паркинсонова болест можат да предизвикаат депресија. Премногу калциум и железо исто така можат да доведат до констипација. Избегнувајте  често земање на суплементи на калциум.

Факт: Сувите сливи помагаат при запек

 

Ова мало суво овошје ја има здбиено репутацијата на природен лек за констипација. Сувите сливи ја спречуваат констипацијата. Тие се богати со целулозни влакна, со природен лаксатив сорбитол  и се безбедни и за долгорочна употреба.

 

Факт: Водата може да помогне

 

Водата ја првенира дехидрацијата која може да доведе до констипација. Течностите ја одржуваат Вашата столица мека и спречуваат појава на запек. Лимитирајте ги кофеинизираните и алкохолните напитоци.

 

Мит: Кафето може да ја подобри констипацијата

 

Вистина е дека кофеинот во кафето ги стимулира мускулите на дигестивниот систем и дека може да се предизвика потреба од посета на тоалетот. Па зошто тогаш не се препорачува како лек против запек? Затоа што кафето може да направи столицата потешко да се движи бидејќи кафето претставува и диуретик а тоа значи дека ја елиминира течноста од столицата. Ако имате запек, избегнувајте го кафето.

 

Мит: Лаксативите дејствуваат веднаш

 

Во зависност од лаксативот може ќе треба да почекате неколку минути или неколку денови за да добиете нагон за во тоалет. Лаксативите користете ги само во исклучителни случаеви. Претераната употреба може да доведе до проблеми со варењето на храната.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER