Момчињата влегуваат во пубертет и до две години порано | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПЕДИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Момчињата влегуваат во пубертет и до две години порано

 

Една студија направена во Универзитетот во Каролина, САД, упатува на факт дека момчињата влегуваат во пубертет две години порано одколку досега што се мислело. Одговорната за ова истражување д-р Марсија Херман, вели дека според истражувањето кај момчињата, пубертетските промени како што се зголемени тестиси и продукција на сперма,  се забележуваат една до две години порано од она што е напишано во медицинските прирачници – пренесува CNN.

Со истражувањето биле опфатени 212 лекарски ординации кои направиле преглед на околу 4 100 момчиња на возраст од 6 до 16 години. Момчињата по прегледот биле оценувани од лекарите со ниво на навлезеност во пубертет од 1 до 5. Според резултатите, момчињата кои имале афроамериканско потекло во втора фаза влегувале некаде околу 9 години, додека останатите некаде околу 10, што е за две години порано од она што научниците досега го мислеле.

 

Според шефот на оваа истражувачка екипа д-р Марсија, ова прерано влегување во пубертет не било отсекогаш туку ова е негативен тренд кој започнува со современото живеење, според докторката ова се должи на лежерниот начин на живот и современата нездрава исхрана.

 

Истражувањето е објавено во американското медицинско списание Pediatrics.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER