Направете ги интересни и есенските денови | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

Направете ги интересни и есенските денови

 

Летото заврши. Позади нас останаа плажите, горештините и се она за што цело лето пишувавме. Времето почна да си ги покажува забите, a ладните ноќи веќе наговестуваат дека есента е пристигната. Немојте веднаш да очајувате, намалувањето на темперетурите не гледајте го само од негативната страна, туку препознајте ги позитивните ефекти. Еве неколку наши совети како да се рекреирате за време на слободните есенски денови.

Возете велосипед

 

Сигурно возењето на велосипед не ви беше примамливо кога надвор живата на термометарот поминуваше 40. Но сега се чини идеално. Земете го велосипедот облечете потопла облека и рашетајте низ градот, правете го ова редовно. Придобивките сигурно веќе ви се јасни.

 

Планински истражувања

 

Планината не беше примамлива за искачување во летните горештини, но сега кога е поладно, тоа би било одлично. Земете ранче со храна и топла облека и започнете да ја истражувате блиската планина, посетете некоја пештера или некоја ливада каде што ќе направите пикнинг и ќе забележите дека и во есен ќе можете да си поминете феноменално.

 

Езерата како дестинација

 

Езерата во есенскиот период се рај за очите и душата. Можеби не се за капење, но се одличен извор за уживање и спокој. Сонцето сеуште не е толку слабо и е доволно силно за да ви даде неопходна потпора и одлична глетка на езерата. Направете прошетка низ езерото, повозете се со чамец кој ќе се движи бавно и ќе ви овозможи уживање и опуштање. Летните зраци можеа лесно да ви го изгорат лицето од силниот одблесок од водата, за среќа сега таа шанса е помала но и понатаму постои, па очилата за сонце и понатаму се неопходни.

 

Трчање

 

Попладневно трчање е одличен начин да согорите калории. Во лето имавте проблеми со жештината и комарците, но сега се ова е минато. Секој втор ден правете обиколка на некое игралиште или трчајте неколку километри покрај кејот на Вардар. Ќе видите колку ведрина и енергија ќе ви даде истото.

 

За крај ве советуваме да ги искористите убавините на есента бидејќи таа не е толку лоша како што изгледа.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER