Нарколепсија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Нарколепсија

Спиењето е дел од нашиот живот. Со спиењето одмараме физички и психички. Кога сме будни постепено се нарушува физиолошката рамнотежа во организмот, па затоа спиењето е потребно за да рамнотежата повторно се воспостави.



Причина


Нарколепсијата предизвикува губиток на клетки во хипоталамусот на мозокот кои содржат протеин наречен хипокретин (орексин). Ова е генетски условено пореметување и се јавува фамилијарно.



Клиничка слика




Може да се манифестира со следниве симптоми кои ја чинат т.н. нарколептична тетрада:



- хиперсомноленција, напади на спиење, се работи за неодолива желба за спиење во моментот кога личноста сака да биде будна, сонот е неодолив и се јавува во одење, при возење на автомобил, при разговор, јадење или при работа. Многу лесно се запаѓа во сон и при читање на весник или гледање телевизија. Лесно може да се разбуди личноста од сонот



- катаплексија, појава на мускулна слабост после некоја јака емоција (смеење, задоволство, лутина, изненадување, оргазам). Слабоста може да биде генерализирана, но и локализирана на лицето или на нозете, потполна или блага. Болниот е свесен за време на нападот



- хипнагогни халуцинации, појава на оптички или акустични халуцинации во време помеѓу будност и спиење т.е при заспивање или при будење, често се заедно со хипнагогни парализи. Можат да се јават и кај здрави индивидуи.



- хипнагогна парализа, напад на неподвижност која се јавува во време кога се јавуваат и халуцинациите. Исто така може да се јави и кај здрави индивидуи



Болеста се јавува најчесто во детството, но може да се јави и на било возраст. Со мали колебања трае цел живот. Значајна е зошто го попречува социјалниот живот, во прв ред работата. Може да биде многу опасна за возачите.



Дијагноза



Се поставува врз основа на анамнезата, фамилијарната анамнеза, неурофизиолошки испитувања. Најмногу се користи повторениот тест за латенција на спиењето.



Лекување



Најчесто се употребуваат агрипнотици со цел болниот да се одржи во будна состојба во текот на денот (метилфенидат, метамфетамин, имипрамин). Во сите случаеви на хиперсомнија се советува да се отстранат условите кои предизвикуваат поспаност (на пр. топлина), редовно пладневно спиење, занимавање со некој спорт, избегнување монотони работи. Болните од нарколепсија не се способни за професии каде е потребна постојана будност, како возачи, пилоти, машиновозачи и сл.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER