Настинка | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Настинка

Дефиниција:





Настинката е вирусна инфекција на слузницата на носот и фаринксот, предизвикана од пикорна вирусите или поточно од риновирусите. По својата зачестеност таа е најверојатно најчестата инфективна болест на луѓето. Општата карактеристика на настинката е катар на носната слузница без изразени општи симптоми.



Епидемиологија



Се пренесува директно со близок контакт, преку кивање (преку флигеовите капки), ракување или индиректно преку допир на инфицирани предмети.



Етиологија



Причинителите припаѓаат на групата на пикорна вируси, група на ентеро вируси. Имаат посебен назив риновируси и по големина се до 30 милимикрони. По својата големина спаѓаат во најмалите вируси. До сега се познати околу 80 серолошки типови.






Слика на риновируси



Патогенеза



Причинителите навлегуваат во организмот преку дишните патишта. т.е носната шуплина и се населуваат на слузницата на носот и на фаринксот. Слузницата на носот постанува отечена и хиперемична. Изразена е прекумерна секреција и тоа серозна и мукозна, а понекогаш дури и профузна.



Подоцна поради накалемување на бактериска инфекција, секрецијата постанува муко-пурулентна. Многу често може да бидат зафатени параназалните синуси. Воспалението го зафаќа скоро редовно и назофаринксот, а многу ретко ларинксот и трахеата.



Со оглед на тоа дека настинката не е животозагрозувачка болест, познати се само хистолошки промени на основа на биопсијата на слузницата.



Патохистолошки постои субмукозен едем, односно клеточна инфилтрација, најпрво мононуклеарна, а подоцна полинуклеарна. Во текот на 5-тиот ден настапува опаќање на површинските епителни клетки. Регенерацијата започнува многу брзо, така да 10тиот ден се формираат столбестите клетки. Бактерискиот суперинфект може да ја промени сликата на болеста.



Клиничка слика



Настинката е многу блага бенигна болест. Првите симптоми се затнат нос, лесна главоболка, и кивање. Тонзилите се лесно воспалени. Сектецијата набрзо се зголемува. Носниот секрет е на почетокот мукоиден, а подоцна мукопурулентен, а носот е отечен поради едемот на слузницата и обилната густа секреција. Веќе во вториот и третиот ден симптомите се смирѕваат, така да болеста е завршена третиот или четвртиот ден од почетокот на болеста. Кај настинката постои малаксаност, главоболка, треска, па потребен е одмор. Понекогаш се јавува благ бронхитис, бидејќи инфекцијата пропагира во пониските делови на респираторниот систем. Исто така може да се јави и носен херпес, како и херпес на устата.





Дијагноза





Дијагнозата се поставува на основа на клиничката слика: кивавица (назални симптоми) без општи тегоби. Постојат бројни варијанти на овој синдром, почнувајќи од обичниот ринитис до комбинација со фарингитис и бронхитис. Лабараториски доаѓа во обзир изолација на вирусот. Испирок од нос и фаринкс треба да се земе најдоцна до 4-тиот ден од почетокот на болеста. Испирокот треба одма да се инокулира на клетки од хуман ембрион. Вирусот може исто така да се идентификува со неутрализирачки тестови со специфичен имун серум. Останатите серолошки инвестигации не наишле на широка примена.



Диференцијална дијагноза



1) Доаѓа во обзир инфективна мононуклеоза, кај која се јавува обично ангина, полиаденопатија, спленомегалија, евентуално егзантем.

2) Акутни стрептококни инфекции на назофаринксот.

3) Инфлуенца и параинфлуенца. Кај првите се нарочно изразени општите симптоми.

4) Ринитис предизвикан од други вируси.

5) Катарален стадиум на морбили.

6) Продромален стадиум кај некои вирусни инфекции (
Polio, Rubeola, Varicella и др.).

7) Почетен стадиум на вирусни и бактериски пневмонии (/понекогаш).

8) На почетокот кај некои рикециски заболувања (
Sy exantematicus, Q-треска, M. Brill), може да се јави и катар на слузницата на носот.



Компликации



Компликациите се мошне ретки, меѓутоа самата настинка може да овозможи пропагација и настанок на синузитис и бронхитис.



Терапија



До сега не е познат лек кој ефикасно може да спречи размножување на риновирусите кај човекот. Останува симптоматската терапија од која е најдобро да се применат вазоконстрикторните капки (0.25% ефедрин, бензендрин). Од останатите медикаменти се даваат антипиретици и аналгетици. Антибиотици не се препорачуваат, со исклучок на оние случаи каде се развила бактериска суперинфекција.



Профилакса



Во периодот кога владеат настинките, најдобро би било да се избегнуваат поголеми собири.

Обидите со вакцина против риновирусите се покажале воглавно неефикасни поради постоењето на голем број на серотипови.



Автор: За Здравје



ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER