Настинка | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Настинка

Кои се симптомите на настинката?


Еден до три дена откако ќе се заразите со вирусот на настинка, симптомите почнуваат наеднаш. Се почнува како чувство на горење во носот или грлото. Следува кивањето, водест нос, и чувство дека сте уморни и дека не ви е добро.



Првите неколку дена, се јавува водеста секреција од носот. Подоцна, таа станува погуста и потемна. Темната боја на секретот не значи дека сте развиле бактериска инфекција.



Можете да имате блага кашлица. Таа нема да се влоши, но може да трае и до две недели. Ако боледувате од хроничен бронхитис, настинката ќе ги влоши симптомите. Ако искашлувате секрет со темна боја или ако чувствувате непријатност во белите дробови – може да имате бактериска инфекција.



Обично не се јавува треска. Всушност, треската и потешките симптоми може да посочат дека имате грип а не настинка.



Симптомите на настинка се јавуваат после еден до четири дена откако ќе се заразите со вирусот, и траат обично до три дена. Во тој период најлошото ќе помине, но може да чувствувате дека имате затнат нос уште една недела. За време на првите три дена можете да ја пренесете настинката на други. Затоа не излегувајте од дома и одмарајте.



Освен кај новороденчињата, настинката сама по себе не е опасна. Обично поминува сама без употреба на лекарства. За жал, настинката го ослабнува вашиот организам и го прави поприемчив на бактериска инфекција.



Ако вашата настинка се влошува, побарајте медицинска помош. Вашиот доктор може ќе ви земе брис од грлото за да се испита дали има присуство на бактериска инфекција и потреба од ординирање на антибиотици.



Појдете на доктор и ако:



- забележите тешкотии со голтањето



- имате болно грло повеќе од три дена, и ако се влошува состојбата



- имате болка во увото



- имате закочен врат и сте чувствителни на светлина



- ако сте бремени или доите



- ако вашето бебе има симптоми на настинка



- ако ве боли грлото и имате температура над 38 степени



- ако симптомите се влошуваат после третиот ден. Можно е да имате бактериска инфекција





Лекување



Многу одмор е клуч за лекувањето на настинката. Може да ви треба и до 12 часа сон, па затоа не се алармирајте. Најпријатно ќе ви биде во топла средина. Важно е и да пиете многу вода. Со ова се разводнува мукусот и помага при конгестијата.



Ако имате главоболки и болки по телото препорачливо да земете парацетамол отколку аспирин. Можете да употребите деконгестив за носот но не употребувајте го повеќе од пет дена. Добрата исхрана е исто така многу важна. Користете витамин Ц за борба против инфекцијата.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER