Најдобри и најлоши намирници против настинка | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВА ИСХРАНА

Најдобри и најлоши намирници против настинка

 

Есента е годишно време во кое што се активира сезоната на вирусни инфекции, грип и настинки. Поради тоа, следуваат неколку совети за тоа што е најдобро да се јаде и пие додека сте болни, а што не се препорачува.

 

 

Сокови

 

Не мислете дека со сокот од портокал со еден удар ќе убиете две муви. Соковите од продавница се премногу зашеќерени и содржат многу калории. Дополнителното количество шеќер му смета на организмот во борбата против инфекциите. Затоа, ако сте во потрага по витамин Ц, јадете портокали и грејпфрут или исцедете лимун во чајот. Така добивате само природни шеќери, но и влакна.

 

Алкохол

 

И чаша вино додека сте болни не е добра идеја. Алкохолот го нагризува имунолошкиот систем и не му допушта на телото само да се бори против инфекциите. Исто така, предизвикува и дехидрација на организмот.

 

Млечни производи

 

Постои верување дека млекото може да ја влоши состојбата, но тоа не е баш така. Многу студии имаат заклучено дека млекото не треба да се консумира поради поголемото производство на слуз во организмот. Сепак, млечните производи, посебно тие што се ферментирани можат да бидат добар извор на протеини и витамин Д, што можат да помогнат во борбата со инфекциите.

 

Бел лук

 

Белиот лук ги убива бактериите и е ефикасен поради алицинот кој што го содржи и кој што има способност да ги блокира инфекциите. Консумирајте го со пилешка супа или сварете го со некој зеленчук.

 

Ѓумбир

 

Ѓумбирот делува антивоспалително и најдобро е да се стави во врела вода се додека не стане жолта која што потоа може да се консумира со додаток на мед или пак да се сервира како додаток на јадења базирани на пилешко.

 

Протеини

 

Дури и кога не го чувствувате вкусот на храната и тешко јадете, важно е да внесете барем малку белковини – пилешко, риба кои што помагаат во создавањето на белите крвни зрнца. Не јадете печено или пржено месо бидејќи мастите не ви требаат. Тешко е за варење и може да го оптерети имуниот систем.

 

Супа

 

Пилешката супа е идеална во борбата против инфекциите поради многуте хранливи состојки и пријатното делување на грлото.

 

Чај

 

Чајот е богат со антиоксиданси и добро се бори со инфекциите. Течностите помагаат што побрзо да се изборите со слузта во носот, грлото и градите.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER