Најчести митови за мамурлакот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Најчести митови за мамурлакот

 

Мит: Мамурлакот не е нешто посебно

 

Факт: Прекумерното пиење го пореметува централниот нервен систем. Алкохолот реагира со хемикалиите во мозокот при што настанува вртоглавица, главоболки и мачнина, а често доаѓа до повраќање и потоа  до дехидратација. Цената на внесениот алкохол што ја плаќате изутрината е тешка главоболка, замор, жед, немирен стомак и ослабен имунитет.

Мит: Мамурлакот не разликува полови

 

Факт: Не претерувајте со алкохолот иако сте излезени на забава во женско друштво. Ако машко и женско испијат иста количина на алкохол, кај женското се поголеми шансите да ги почувствува ефектите на алкохолот. Тоа е така бидејќи мажите имаат поголем процент на вода во организамот и им помага да го разредат алкохолот што го пијат но и поголемо количество на алкохол дехидрогеназа. Кога жените ќе ја испијат истата количина, кај нив алкохолот се трупа во крвотокот.

 

Мит: Само тешкото пијанство може да доведе до мамурлак

 

Факт: Не мора да се испијаните до крајна фаза за да го почувствувате мамурлакот. Доволни се неколку пијачки за вие наредното утро да почувствувате главоболка и други симптоми на мамурлак. Пиењето на одредена доза вода помеѓу секоја пијачка може да ви помогне да се борите до дехидратацијата и да ги намалите последиците.

 

Мит: Виното е најслабиот алкохолен пијалок

 

Факт: Црвеното вино содржи танин, состојка која е позната дека предизвикува главоболки кај луѓето. Некои пијалоци како вискито се познати дека предизвикуваат тешки главоболки. Ако сте загрижени за тоа како ќе се чувствувате утрината, најдобриот избор за вас се пивото и чистите ликери, како водката и џинот.

 

Мит: Диеталните коктели се сигурни

 

Факт: Диеталните пијалоци можат да ви помогнат ако сте загрижени во врска со калориите, но не ако сакате да го избегнете мамурлакот. Истражувањата покажуваат дека мешавините со овошни џусеви и други алкохолни пијалоци кои содржат шеќер не предизвикуваат тежок мамурлак.

Мит: Виски пред пиво

 

Факт: Не е важен изборот колку количината. Стандардната доза на одредени различни пијалоци ја содржи истата количина на алкохол. Нека не ве лаже количината на некои пијалоци во врска со дејството на алкохолот.

 

Мит: Јадете тестенини пред спиење

 

Факт: Сосема погрешно и тоа во два наврати. Прво, јадењето пред спиење (откако веќе сте се напиле акохол) воопшто не е од помош. Треба да се нахраните пред да почнете со алкохолот за тоа да има некакво дејство. Второ, иако било која храна може да ја забави апсорпцијата на алкохолот во вашиот организам, мастите го прават тоа најдобро. Земете стек или пица пред вашето мартини и можеби ќе го избегнете мамурлакот. Еве и еден совет за пред спиење – напијте се вода за да се изборите со дехидратацијата.

 

Мит: Аналгин пред спиење?

 

Лековите против болки како аналгинот, кетоналот, бруфенот и други го достигнуваат своето најсилно дејство 4 часа по внесувањето, па нивното пиење пред спиењето нема да ви помогне многу. Не земајте ацетаминофен по пиење. Таа комбинација може да му наштети на вашиот црн дроб.

Мит: Алкохолот ви помага да спиете добро

 

Факт: Спротивното. Додека алкохолот може да ви помогне да заспиете побрзо тоа е сосема точно, но го нарушува квалитетот на вашиот сон. Тогаш вие не поминувате толку време во РЕМ фазите и можете да се разбудите во секое време. Ако сте претерале со алкохолот,  мамурлакот може да удри доцна во ноќта и да ве спречи повторно да заспиете.

 

Мит: Клин со клин се избива

 

Факт: Повеќе алкохол наутро не прави ништо повеќе од одложувањето на мамурлакот. Најлошите симптоми доаѓаат кога алкохолот во крвта опаѓа до 0. Ако забележите дека не можете да функционирате без алкохол изутрината, треба да побарате лекарска помош во врска со зависноста од алкохолот.

 

Мит: Кафето е лекот

 

Факт: Кафето води до дехидратација и може да го влоши вашиот мамурлак. По ноќта исполнета со алкохол, најдобро е да избегнувате се што е богато со кофеин наредниот ден. Наместо тоа, пијте вода и спортски пијалоци за да се изборите со дехидратацијата и да ги надоместите изгубените електролити, поготово ако сте повратиле.

 

Мит: Билките можат да помогнат

 

Факт: Британските истражувачи ги прегледале истражувањата каде биле вклучени таблети против мамурлак базирани на квасец и на екстракт од артичока. Беше докажано дека во нив не е најден никаков доказ дека тие делуваат. Друг британски тим од истражувачи пак најде суплемент кој потекнува од крушата и може да ја намали мачнината и жедта по мамурлакот, но не и главоболката. Значи останува само времето како најдобар лек.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER