Најчести прашања и одговори при повреда на колено | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

СПОРТСКА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Најчести прашања и одговори при повреда на колено

Повредите на менискусот (форма на перниче помеѓу зглобните површини кое помага во стабилизацијата и движењето) се едни од најчестите проблеми со коленото. Повредите на менискусот најчесто се случуваат при спортски активности, но можат да се случат и при помал напор кај постарите луѓе.






За да ви станат појасни овие повреди еве одговор на едни од најчестите прашања:



Која е најчестата повреда на коленото кај мажите?



- Најчестата повреда на коленото кај мажите е повредата на менискусот.



Како обично се случуваат овие повреди?



- Повеќето повреди се случуваат при активности кои вклучуваат виткање (превиткување) на коленото и усукување (торзија). Некои од повредите на менискусот се случуваат заедно со кинење на предниот вкрстен лигамент.



Како да знаете дека имате повреда од ваков тип?



- Повеќето пациенти со повреда на менискусот чувствуваат болка во коленото, оток и чувство дека коленото е на некој начин укочено.



Што треба да направите ако се сомневате во таква повреда?



- Ако се сомневате во повреда на менискусот, мора да одмарате, да ставите облоги од мраз и да примените компресија. Понекогаш менискусот се заглавува во зглобот и се добива сензација дека коленото е укочено. Во овој случај може да бидат потребни патерици. Инаку, одбегнувајте активности кои го оптоваруваат коленото и посетете го вашиот доктор.



Кај кој доктор треба да отидам?



- Повредите на менискус најдобро се дијагностицираат од ортопедски хирург или лекар по спортска медицина.



Како се лекуваат овие повреди?



- Повеќето повреди на менискус се третираат со артроскопска хирургија. Повеќето повреди бараат ресекција – отсранување на мали делови од нестабилното ткиво.



Колку долго трае опоравувањето?



- Обична ресекција побарува два дена употреба на патерици. За целосен опоравок, вклучувајќи и изведба на спортски активности потребни се четири до шест недели. Репарирани менискуси, побаруваат и до шест месеци опоравок.



Кои се долгоричните проблеми кои се асоцирани со овој тип на повреда?



- Менискусите преставуваат начин на природата да го ублажи шокот од ударите и оптеретувањата, и отстранувањето на ова ткиво го прави зглобот повулнерабилен на артритис. Репарираното ткиво е секако подобро отколку воопшто да го нема, но не го штити целосно зглобот од повреди.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER