Невообичаени причини за појава на главоболка | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Невообичаени причини за појава на главоболка

 

Шефот

 

Да, шефот навистина може да ви предизвика главоболка. Се она што го зголемува нивото на стрес може да ве направи поранливи кога се во прашање главоболките предизвикани од тензија или мигрена. Точниот механизам за настанување на овој тип главоболки е непознат и може да вклучува повеќе фактори. Може да игра улога зголемената сензитивност на нервните комуникации во мозокот кои што ја пренесуваат болката. Промените во самиот мозок исто така можат да бидат инволвирани во мигренозните главоболки.

Времето

 

Со промените на температурата, се зголемува и веројатноста за појава на мигренозни главоболки. Без разлика на тоа дали се подготвува топлински бран или студен бран, самите промени можат да предизвикаат главоболка. Сончевите и жешки денови, како и дождот и промените во атмосферскиот притисок можат да доведат до појава на главоболка. Иако не можете да го промените времето, сепак можете да носите наочари, да ја минимизирате дехидрацијата и да го избегнете пладневното сонце.

 

Силни мириси

 

Силните мириси, дури и оние кои што се пријатни можат да предизвикаат појава на мигренозни болки кај многу луѓе. Зошто тоа се случува е нејасно, но силината на мирисот може да го стимулира нервниот систем. Најчестите причинители на силни мириси се бојата, парфемите и одредени видови цвеќе.

Додатоци за коса

 

Начинот на кој што ја носите косата може да влијае врз појавата на главоболки. Тесното опавче го затегнува сврзното ткиво на скалпот и доведува до појава на главоболка. Стегачите за глава, шнолите  и тесните капи можат да го креираат истиот ефект. Ако ова е причината за вашите главоболки, косата пуштете ја слободно и за брзо време ќе ви олесни.

 

Вежбање

 

Напорното вежбање, вклучително и сексот, понекогаш може да доведе до појава на главоболка. Примерите вклучуваат главоболка од вежбање и главоболка од секс. Овие типови на главоболка се најчести кај оние луѓе кои што патат од мигрена.

 

Лошо држење на телото

 

Не мора да работите физичка работа за да го зголемите притисокот во главата и вратните мускули. Седењето пред Вашето работно биро може да ја заврши таа задача. Најчестите форми на лошо држење на телото вклучуваат навалени раменици, столица без потпора за грбот, гледање во монитор кој што е поставен премногу ниско или премногу високо итн. Ако имате чести главоболки, разгледајте го работното место, односно позицијата на бирото, столицата и мониторот.

Сирење

 

Кај некои луѓе, иницијатор на мигрена може да биде консумација на стоено сирење, вклучувајќи ги синото сирење, чедар сирењето, пармезанот и швајцарското сирење. Причината може да лежи во супстанцата тирамин. Како што храната старее, така содржи се повеќе тирамин.

 

Црвено вино

 

Тираминот, исто така може да се најде и во црвеното вино и другите алкохолни пијалоци. Кон појава на главоболките можат да придонесат и другите состојки на виното. Поради тоа што алкохолот го зголемува протокот на крв во мозокот, ефектите можат да бидат уште поголеми. Ако виното ви предизвикува главоболки, но сепак сакате да наздравите во специјалните прилики, консултирајте се со доктор со цел да земете превентивна доза од некое лекарство.

 

Процесирано месо

 

Процесираното месо, како што се разните сувомеснати производи, содржат тирамин и дополнителни адитиви како што се нитритите кои што можат да тригерираат главоболки кај некои луѓе. Главоболките кои што се предизвикани од адитивите во храната обично се чувствуваат и на двете страни од главата за разлика од класичната мигрена која што секогаш напаѓа само на една страна.

Прескокнување оброци

 

Главоболките предизвикани од глад не се секогаш очигледни. Ако скокнете оброк, можно е главата да започне да ве боли и пред да сфатите дека сте гладни. Проблемот лежи во намалувањето на шеќерот во крвта. Сепак, не пробувајте да ја лечите главоболката со благо. Слатките работи предивикуваат инстантно зголемување на шеќерот и негов уште поголем пад потоа.

 

Пушење

 

За пушењето се знае дека може да предизвика главоболка и тоа не само кај оној што ја држи цигарата. Секундарниот чад содржи никотин кој што ги стеснува крвните садови во мозокот. Откажувањето од цигарите и намалувањето на изложеноста на чад од цигари помага кај луѓето кои што имаат силни главоболки пропратени и со појава на симптоми на очите и носот.

 

Кофеин

 

Во умерени количини, кофеинот е добар за здравјето, дури го има и во многу лекарства против глаоболка. Но денот кој што е исполнет со многу кафе може да биде причина за појава на главоболки. Ако сте “навлечени“ на кофеин, неговото инстантно откажување може само да ја влоши ситуацијата.

Решение: Идентификувајте ги причините

 

Ако можете да ги идентификувате причините за појава на главоболките, ќе бидете во можност да ги прекинете и пред да се појават. Најдобриот начин за идентификација е водењето на дневник за главоболки. Секојдневно запишувајте која храна ја конзумирате, кои биле стресните настани во текот на денот, дали имало промени во времето и колку сте биле физички активни. Секогаш кога ќе имате главоболка, запишете го времето на појавување и престанување. Тоа ќе ви помогне полесно да ги идентификувате причините.

 

Решение: Менаџирајте го стресот

 

Многу луѓе се во можност да ги менаџираат мигренозните болки или тензичните главоболки преку стратегиите за менаџирање на стресот. Иако не можете да ги контролирате стресните настани, можете да го прилагодите Вашиот одговор на тие настани. Експериментирајте со различни техники за намалување на стресот како што се медитацијата или масажата и пронајдете што ви делува.

Решение: Истегнете ги нозете

 

Умереното вежбање е моќен стрес елиминатор. Пешачењето е одличен избор поради тоа што претставува одлична одбрана против главоболките. Со пешачењето, движењето на рацете ги релаксира мускулите во вратот и рамењата, што како резултат дава елиминирање на некои типови главоболки.

 

Решение: Хранете се редовно

 

Балансираната исхрана во текот на денот ќе овозможи едно константно ниво на шеќер во крвта, а тоа значи крај на главоболките предизвикани од глад. Целете кон оброци кои што содржат протеини и сложени јаглехидрати како што е путер од кикиритки намачкан на интегрален леб или пилешки гради со кафеав ориз, и бидете сигурни дека пиете доволно течности - дехидрацијата е уште еден предизвикувач на главоболка.

 

Решение: Физикална терапија

 

Физикалната терапија комбинира вежби и образование со цел да се намали болката и да се зголеми движењето. Може да им помогне на мускулите во вратот и да воспостави нови навики на држење на телото.

 

Решение: Лекови

 

ОТЦ лековите како што се ацетаминофен, аспирин или ибупрофен се ефективни против многу типови главоболки. Сепак, обидете се да го избегнете постојаното земање на овие лекарства поради тоа што и самите можат да предизвикаат главоболки ако се земаат во преголема количина или пак да предизвикаат главоболки ако престанат да се земаат. Во случај да имате чести и силни главоболки, консултирајте се со Вашиот доктор.

Кога да посетите доктор?

 

Секоја нова главоболка која што е невообичаено честа или трае повеќе од неколку денови би требало да се провери од страна на докторот. Многу е важно на докторот да му го објасните Вашиот стил на живот со цел да има подобар увид во барањето на причините за главоболките. Ако имате главоболки кои што се пропратени со промени во видот, проблеми со движењето, конфузија, напади или треска, веднаш побарајте итна медицинска помош.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER