Нервозен стомак – постои ли нешто такво? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Нервозен стомак – постои ли нешто такво?

Терминот нервозен стомак се употребува кога се мисли на хронична индигестија. Како може еден орган да биде нервозен”? Овој термин е најверојатно остаток од пред 100 години кога честа била појавата на синдромот наречен нервна исцрпеност или неурастенија (што бил предизвикан од нервна раздразнетост).



Денес, најверојатно докторот нема да ви рече дека имате нервозен стомак. Но нервниот систем дефинитивно може да влијае на дигестијата. Всушност, некои функции на нервниот и дигестивниот систем се взаемно зависни па затоа се сметаат за една целина. Дигестивниот тракт исто така има свој нервен систем познат како ентеричен нервен систем кој функционира независно од мозокот и регулира одредени дигестивни функции.



Оваа поврзаност на мозокот и стомакот е учесник во хроничните дигестивни проблеми познати како гастроинтестинални нарушувања како што се лоша работа на цревата, индигестија и абдоминални болки. Овие состојби не се резултат на некоја структурна абнормалност или инфекција во гастроинтестиналниот тракт но можат да имаат големо влијание на вашиот живот.



Доколку постојано имате дигестивни проблеми, разговарајте со вашиот доктор и кажете му за што се работи: стомачна болка, киселини, подуеност, дијареа или различни симптоми во различно време. Најверојатно ќе биде потребно да направите физички преглед и неколку тестови за да се исклучи можноста од чир, камен во жолчна ќеса или други слични болести.



Доколку сте инаку здрави, нема да има потреба од понатамошно тестирање. Докторот само ќе ви каже да ги забележувате вашите симптоми, начинот на исхрана, време на оброци, ниво на стрес и слични варијабли кои можат да ги предизвикуваат дигестивните проблеми. Тоа ќе ви укаже на неколку едноставни промени што може да ги направите за да ги намалите симптомите. Со терапија и мало прилагодување на начинот на живот можете лесно да ги ставите под контрола гастроинтестиналните нарушувања.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER