Нефролитијаза (бубрежни каменчиња) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Нефролитијаза (бубрежни каменчиња)

Дефиниција



Нефролитијазата претставува присуство на каменчиња (калкули) во собирните каналчиња, чашките и каликсите на бубрегот. Каменчињата се клинички значајни бидејќи можат да предизвикаат опструкција (стоп) на нормалниот проток на урината, и да создадат услови за развој на уринарни инфекции, а можат да предизвикаат и јака болка. Мажите се четири пати позафатени од жените.



Патогенеза



Постојат повеќе фактори кои го објаснуваат настанувањето на каменчињата:




  • Концентрирана урина.
  • Стаза (стоп) на урината овозможува полесно таложење на материите кои се важни во создавањето на калкулусот (камчето)

  • Улога има и недостатокот на фактори – инхибитори на создавањето на каменичињата.
  • Аномалии на мочниот систем.
  • Навики во исхраната.
  • Климатските фактори.
  • Киселоста на урината.
  • Мала количина на дневно излачена урина.





Видови на калкулуси според хемискиот состав




  • Аноргански: калциум-оксалат монохидрат, калциум-оксалат дихидрат, калциум-хидроген-фосфат дихидрат, калциум-хидрокси-карбонат фосфат, трикалциум-фосфат, магнезиум-амониум-фосфат хексахидрат.





Калциумските каменчиња сочинуваат околу 70% од сите мочни каменчиња. Сите аноргански каменчиња даваат засенчување на RTG сликите.




  • Органски: мочна киселина и нејзини дихидрати, амониум хидроген урат, натриум хидроген урат, цистин.



Органските каменчиња се невидливи на нативни RTG слики, освен цистинските кои даваат половично засенчување поради присуството на атоми од сулфур.





Клиничка слика



Главни симптоми се болка ситуирана во слабискиот регион и појава на крв во урината.

Големите каменчиња можат да бидат потполно мирни без никакви клинички симптоми.

Каменчињата во бубрегот предизвикуваат болка во слабинскиот предел. Оние во уретрата (мочоводот) предизвикуваат ренални колики кои можат да се шират од половината до препоните или болката може да се почувствува на врвот на пенисот. Каменчиња во мочниот меур може да предизвикаат непријатно чувство и честа потреба за уринирање. Присуство на камчиња во уретрата ( мочната цевка) се презентира со опструкција во истекувањето на урината.



Реналните колики често се пратени со мачнина и повраќање. Освен тоа може да се појави инфекција на мочниот систем, хематурија (крв во урина), инсуфициенција на бубрежната функција. Болниот често има проблеми со спиењето поради болките.



Дијагностика



Нативна RTG снимка на абдоменот служи за груба ориентација. За прецизна дијагностика и локализација се употребува контрастна метода на интравенска урографија. Изотопна урографија служи за одредување на евентуалната опструкција на урината. Многу е важен прегледот на самата урина. Во склоп на испитувањата се прават и микробиолошки и биохемиски испитувања (одредување на ph на урината и количината на излачениот Ca++). Инфрацрвената спектроскопија е софистицирана метода на одредување на молекуларната структура на каменчињата.



Терапија



Лекување на акутните бубрежни болки




  • Олеснување на тегобите – најчесто се користи анелгетик (на пример диклофенак).
  • Да се зголеми внесот на течности.





Повеќето камчиња излегуваат спонтано. Ако постојат знаци за акутна опструкција, пациентот треба веднаш да се испрати на уролог. Урологот понатаму ќе превземе мерки како антероградна нефростомија или перкутана нефролитотомија (овој зафат се применува доколку камчето е во бубрегот или горната половина на уретерот).

Во поново време се користи метода на разбивање на камчето со електрохидраулични бранови-екстракорпорална литотрипсија (ESWL - extracorporeal shock wave lithotripsy). Студиите наведуваат 80% успешност на оваа терапија.

Поретко се применува хируршко отстранување на каменчињата.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER