Нимфоманија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Нимфоманија

Нимфоманијата е состојба која се опишува кај жените, кои имаат претерани сексуални нагони. Овие жени обично ретко можат да стапат во врска, а уште поретко да ја одржат, бидејќи нивната претерана сексуална желба ги тера постојано да наоѓаат нови партнери или начини за задоволување на своите сексуални потреби.







Главните карактеристики кај нимфоманијата се, претераната желба за секс, која може да пречи на секојдневните активности на жената, чести оргазми и желба за се повеќе секс, никогаш не задоволувајќи се од еден партнер и секогаш во потрага по нови сексуални авантури. Некогаш потрагата по секс на нимфоманките може да биде до толкава мера што целиот живот им се сведува само на тоа.



Нимфоманијата психијатрите ја карактеризираат како ментално заболување, но понекогаш нимфоманијата може да биде и почетен симптом на некое друго ментално заболување. Овие жени не се во можност да доживеат сексуално задоволство со ниеден маж, па поради тоа користат разни методи на сексуално задоволување, како мастурбација, хомосексуалност, оргии и сл. Често жените кои патат од нимфоманија се наведуваат и на проституција.



Сепак нимфоманијата може да се препознае од стручните лица. Нифоманијата мажите ја користат како етикета за своите жени или девојки доколку имаат еректилна дисфункција или ја ставаат како етикета за некоја жена која има чести сексуални односи.



Треба да се нагласи дека нимфоманијата е ментално пореметување пропратено и со други симптоми, а за да се прогласи една жена или девојка за нимфоманка е потребен е разговор со стручно лице.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER