Нов тип на свински грип забележан во САД | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ИНФЕКТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Нов тип на свински грип забележан во САД

Во текот на месец јули во САД се забележани 16 нови случаеви на нов тип на свински грип, изјавува Центарот за Контрола и Превенција на Болести во САД.







Она што е загрижувачко кај овој тип на грип е што носи човечки М ген кој многу го олеснува навлегувањето на вирусот во човековото тело. Првиот случај на новиот тип на свински грип во САД бил забележан во почетокот на месец јули, а веќе до денеска има 30 – тина нови случаеви, иако Центарот за Контрола и Превенција на Болести во САД смета дека оваа бројка е многу поголема.



Според министерството за земјоделство на САД, вирусот на свински грип бил детектиран кај свињите во 11 држави во САД и огромни се шансите дека ќе се прошири во другите држави. Свинскиот грип е нормален меѓу свињите, а секоја година се заразуваат по неколку луѓе поради невнимание и нехигиена. Сепак, светот има лошо искуство со свинскиот грип, а научниците стравуваат дека овој тип што сега е откриен би можел да биде многу поопасен.



Свинскиот грип се пренесува при контакт на човек со заразено животно како и при човек – човек.



Симптоми




За среќа оваа година смртни случаеви помеѓу луѓето од новиот тип на свински грип не се забележани. Симптомите се типични за грип, покачена температура, болки во зглобовите, кашлање, болки во градите, мускулите и сл.



Дали има опасност од пандемија?




Научниците велат дека овој тип на вирус е можеби најнепредвидлив. На прашањето дали не очекува пандемија, одговорот гласеше: Moжеби да, можеби не, што и да кажеме сега би било можеби погрешно.



Сепак тие сметаат дека ако се превземат навремени мерки, т.е се алармираат институциите и правилно се информираат граѓаните голема опасност нема да има, но сепак останува да видиме.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER