Номофобија – Нова урбана фобија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Номофобија – Нова урбана фобија

Автор:

Д-р Александар Ристески

Доктор на Медицина










Номофобија преставува нов назив за страв од недостаток од мобилен телефон, било од негов губиток, празнење на батеријата или кредитот, или пак губиток на мрежата.



Изгледа дека стресот на модерниот живот не е доволен па на новите пореметувања и болести се придружува уште еден страв кои психолозите и психијатрите го нарекле номофобија, поим кој потекнува од изразот no mobile (без мобилен телефон).



Во една студија направена во Велика Британија, се докажало дека 53% од корисниците на мобилни телефони постануваат анкисозни доколку го изгубат својот мобилен телефон, им снема батерија или мрежно поврзување. Студијата покажала дека 58% од мажите и 48% од жените страдаат од фобија, а дополнителни 9% се чувствуваат стресно кога нивните мобилни телефони се недостапни за употреба.



Истражувањето испитувало 2.163 лица. 55% од нив страдале од стрес поради недостапност на мобилен телефон поради причина која неможеле да контактираат со семејството. 10% од лицата постанувале анкзиозни поради губиток на контакт со работата. Секој втор испитаник признал дека никогаш не го исклучува својот мобилен телефон, бидејќи треба да биде достапен цело време. Голем број од испитаниците признале дека се чувствуваат нервозни кога нивниот мобилен телефон е исклучен.



Сепак номофобијата е пререална за голем број на луѓе, и иако е дискутабилно дека зборот фобија е несоодветен сепак големиот број испитани случаи покажуваат дека се работи за нормална анксиозност.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER