Основни принципи во третманот на воени повреди – III- дел | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Основни принципи во третманот на воени повреди – III- дел

Автор:



проф. д-р Сци. Ѓорѓе Џокиќ



Специјалист по општа и субспецијалист по Пластична, Естетска и Реконструктивна хирургија



-Универзитетска клиника за Пластична, Естетска и Реконструктивна хирургија – Скопје




Тријажа на повредени болни



Дефиниција – тријажа е процес со кој ранетите се делат во категории според приоритетот за лекување. Се наложува како процес во моменти кога пристигнуваат многу ранети, а можностите за справување со нив се ограничени.



Основен принцип



Да се направи најдобро за најголемиот број.



Не е константен процес. БАРА ПОВТОРНИ ПРОЦЕНИ НА ПОВРЕДЕНИТЕ.



За успешна тријажа е потребен добар план, организираност и јасно расудување.



Поделба на пациентите при тријажата



1. Пациенти кои немаат потреба од операција (згрижени без потреба од хоспитализација)



2. Пациенти кои имаат потреба од операција (повредени)



-Категорија 1 – потребна е итна операција



-категорија 2 – не е потребна секогаш операција



а) неоперативно се згрижуваат

б) сериозни, инфаустни повреди



-Категорија 3 – може да почекаат за операција



Не секогаш повредените со најсериозни повреди имаат предност.



Ако операцијата е предолга и со дубиозен резултат, а би ги одложила другите пациенти каде се очекува поголем успех со пократка операција => ?????



Промени во приоритетите и ставовите се очекуваат.



Клучот за успешна тријажа е однапред направен ПЛАН ЗА ТРИЈАЖА





План за тријажа



- Систематизација на персонал и опрема

- Бесбедност

- Доволен простор, лесен истовар, пренос на пациенти

- Логистика

- Основни матријали за третман

- Апсолутистичко почитување на одлуките на едно лице

- Документација за секој пациент

Сето ова е еднакво на успех во тријажата.



Примање на пациент




Непосредна прва помош: (ABC – шема) – ресусцитација



Airway, (дишни патишта – процена – слободни или оптурирани)

Breathing, (процена – присутно или отсутно)

Circulation, (проценка на крварење и шок – третман со флуидотерапија и запирање на евентуално надворешно крварење)



Basic Trauma Life Support



Disability, (процена на невролошки статус и свест)

Exposure (преглед на целото голо тело на повредениот)



Advanced Trauma Life Support



Проверете ги дишните патишта (А)



Бидете подготвени за поставување на ендотрахеален тубус или за трахеотомија.



Проверете го дишењето (В)



Поставете торакален дрен или игла со широк врв кај пациент со евидентен тензионен пнеумоторакс.

Покријте ја и затворете ја градната рана.



Сопрете хеморагија и овозможете циркулација (С)



Поставете интравенска канила и надоместувајте ја крвозагубата со интравенски кристалоиди, плазма експандери, крв и крвни деривати.

Земете крв за одредување на крвна група и ако е можно за вкрстени тестови, прати диуреза (мин 0,5мл/кг/час) преку поставен уринарен катетер, мери витални параметри.



Процена на невролошкиот статус и свеста со помош на “Glasgow coma scale” (eye opening, motor response, verbal respomce). (D)



Откривање и проверка на знаци за можни повреди на останати ткива и органи (Е)



Веднаш започнете со третман на шокиран пациен.

Интравенски дадете 5.000.000 ИЕ бензил пеницилин.



Интрамускулно дадете 500ИЕ хуман антитетанусен имуноглобулин и почнете со антитеттанусна вакцинација.



Подготовка на пациент



- Отворање на приемен лист (податоци на повредениот, податоци кои се хируршки важни – какво оружје ја предизвикало повредата, колку време е поминато од повредата (ризик од инфекција).

- Проценка на општата состојба на пациентот – дали бара или не ресусцитација

- Проценка на рани (големина, локализација, квантитет, кавитет, перфорација).

- Проценка по системи

- Повреди (соблечете го пациентот!!!)

- Проценка на шок (знаци – тахикардија, хипотензија, тахипнеа, олигурија, промена на свест)

- Третман на шок (флуидотерапија низ две канили или една широка)

- Подготовка за операција доколку е потребно

Nota bene: Да се надомести проценетиот изгубен волумен на крв пред пациентот да се внесе во операциона сала.






РТГ испитувања



На крај се прави рентгенско снимање.

Потребно е за дијагниза на секоја суспектна фрактура, туѓо тело или патолошка појава која може да се визуелизира со Х-зраци.



На рентген снимката се гледа:



- Положбата на ртг-видливите тела (метал и сл,) во ткивта.

- Тип и позиција на фтактури (план за имобилизација, операција, ампутација...)

- Присуство на патолошки воздух/течност/крв во шуплините (пнеумоторакс, хематоторакс, хилоторакс, пнеумоперитонеум...)

- Сондирање на длабока рана под ртг контрола

- Присуство на гас интрамуслулно/интрафасцијално = гасна гангрена?

Nota bene: Присуство на гас во мускул не секогаш е гасна гангрена. Воздухот може да се вовлечен низ раната поради разлика на притисоци при самиот влез на проектилот. Тогаш нема ниту знаци за инфекција (обратно од гасна гангрена).



Операција – план за операција и анестезија



Цел – ДА СЕ ОБРАБОТИ РАНАТА ДО ЗДРАВИ РАБОВИ



- Истата да се остави отворена





- Да се отстрани девитализираното, мртво и загадено ткиво (кожа, поткожје, фасција, мускул, фрагменти на коски)





- Да се отстрани целиот туѓ материјал (куршуми, шрапнели, облека, земја...)





- Ексцизија на раната и отворање на шуплината со нејзино чистење





- Анулирање на мртвиот простор





- Лаважа и хемостаза





- Дренажа





Раната се остава отворена





Раната треба да е шуплина од ретрахирано здраво ткиво.



Постоперативно се даваат антибиотици (системски и локално)

Заради ризик од вкрстени инфекции не се прават често преврски



Ако раната , меѓу 4-ти и 6-ти ден е чиста, истата се затвора (одложено затворање) или се покрива со кожен трансплантат.



Доколку е инфицирана, се остава секундрно да се санира со чести преврски или се прави реексцизија.



При преврските се оценува нејзината состојба, т.е. (не)постоење ан инфекција (локални или општи знаци за инфекција):

ПРИСУСТВО НА ЕКСУДАТ/ТРАНСУДАТ, МИРИС ( НЕ СЕКОЈ МИРИС Е ЗНАК ЗА ИНФЕКЦИЈА – МИРИС ОД РАЗГРАДБА НА АМОНИЈАК, ГНОЈ, ЕРИТЕМ, ОТОК И ОПШТ СТАТУС НА ПАЦИЕНТОТ (ИНТОКСИКАЦИЈА, ХИПЕРПИРЕКСИЈА).



ПОНЕКОГАШ, РЕЕКСЦИЗИИ И РЕОПЕРАЦИИ СЕ ПОТРЕБНИ.






Вадење на конци



Конците се вадат откако ќе се прегледа раната, обично после петтиот ден.

Ако васкуларизацијата на кожата е добра, конците може да се извадат и порано.



Вадење конци на поедини делови од телото:



- Лице, врат и глава – по 5 дена





- Абдомен, гради и екстремитети – после 10 дена





- Големи ампутации и рани на грб – после 14 дена





- Кај трансплантации, на примачката регија се вадат 5 дена после операција, а на давачката регија се оставаат 10 дена.



Реконструкција



Доколку после санирањето ан воената рана, постојат дефекти на меките ткива, може да се размислува за реконструктивни оперативни третмани.



Се користат разни видови на кутани, адипозно-кутани, адипозно-мио-кутани, фасцио-мио-кутани, остео-мио-кутани и други резенки за пополнување на дефектите.



Пр. За пополнување на мускулни дефекти околу коленото и тибијата, се користат резенки од m. gastrocnemius и m.soleus.



Неоперативен третман на воени рани



Раните кои се нанесени од мали метални фрагменти и од курѓуми од пушки/пиштоли кои се на крај ан својата траекторија, а при тоа:



- Нема хематом





- Нема знаци за дисрупција на ткиво





- Не комуницира со коска





- Нема витална повреда





... се третираат неоперативно



Се лекуваат со антибиотици и чести преврски.

Индикација за операција е појава на инфекција.

Повеќето случаи не бараат операција.



Заклучок



- Воената хирургија не е лесна.



- Бара тимска работа, свесно расудување и работа по приоритети.



- Организацијата треба да е беспрекорна.



- Облигаторна е брза реакција при акутното згрижување на повредените.



- Стабилизација на општата состојба и целосно ресусцитирање на шповредените е императив за преживувањето.



- Резултатот на згрижување зависи не само од оперативниот дек на третманот, но многу повеќе од постоперативната нега на болните и нивна процена.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER