Откриен е генот кој влијае на нивото на болка кај остеоартритисот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

РЕВМАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Откриен е генот кој влијае на нивото на болка кај остеоартритисот

Истражувачите открија нов ген поврзан со остеоартритис. Ова е само третиот ген кој е пронајден за оваа оваа болна и онеспособувачка состојба која афектира 40% од луѓето постари од 70 години.







Оваа варијанта на генот MCF2L е пронајдена во Сангер Институтот, каде истражувачите користеле информации од 1000 геномски проекти за да се зголеми дијапазонот на можни генетски варијанти. Прелиминарниот стадиум од arcOGEN студијата изработена од Британските истражувачи за артритис, споредувала геноми од 3177 луѓе болни од остеоартритис со 4893 луѓе од општата популација.



Остеоартритисот е комплеска состојба, чии гени сеуште не им се познати на истражувачите кои ја проучуваат. Само два локуса се пронајдени во европската популација – GDF5 и еден сигнал од регионот на 7 хромозом.



Новиот идентификуван ген, MCF2L, е лоциран на 13 хромозом и го регулира факторот за раст на нервите (NGF – nerve growth factor). Откриено е дека луѓето со остеоартритис на колената кои биле третирани со хуманизирани моноклонални антитела против NGF, имале подобрување во болката и подвижноста на колената.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER